Претходно
Највкусните лазањи со зеленчук
Ако сте љубител на италијанските специјалитети, но не јадете месо, направете ги овие феноменални лазањи со сладок компир, тиквички, спанаќ и вкусен прелив од сирење.
Потребни состојки:
- 2 жолти или црвени пиперки
- 1 тиквичка, околу 300 г
- 1 голем сладок компир
- 3 лажици маслиново масло
- 1 голем кромид
- малку буковец
- 2 чешниња лук
- 800 г ситно сечкан домат
- 2 лажици оригано
- 1 коцка супа од зеленчук
- 200 мл ладна вода
- 100 г млад спанаќ
- 10 листови лазањи
- сол и бибер
За сос од сирење:
- 75 г обично брашно
- 75 г путер на коцки
- 750 мл млеко
- 125 г зрело чедар сирење, крупно изрендано
- 75 г моцарела
Начин на подготовка:
- Загрејте ја рерната на 200 °C. На пиперките отстранете им ги семките и ситно исечкајте ги, исечкајте ги и тиквичките, излупете ги слатките компири и ситно исечкајте ги па ставете ги во плех. Додајте 2 супени лажици масло за јадење, зачинете со сол и бибер и ставете ги во рерна да се печат околу половина час, додека зеленчукот не омекне.
- Додека зеленчукот се пече, во тава загрејте ја преостанатата лажица масло и испржете го исечканиот кромид. Потоа додајте го буковецот и лукот во неа и повторно пржете. Истурете ги сечканите домати, ориганото и раздробената супа во коцка. Додајте ја водата и варете 10 минути на тивок оган, редовно мешајќи.
Начин на подготовка на сосот од сирење:
- Во голем сад ставете го брашното, путерот исечкан на коцки и млекото и варете ги состојките на средна топлина. Мешајте непрестано со жица за матење додека сосот не згусне и не стане мазен.
- Додадете околу 2/3 од сирењето и зачинете по вкус.
Финализирање на подготовката:
- Извадете го зеленчукот од рерната и додајте го во големата тава со домати.
- Додадете го и спанаќот на неа и гответе уште 3 минути и зачинете.
- Наредете еден слој лазањи во намастен плех, потоа ставете една третина од смесата со зеленчук, па наредете друг слој лазањи.
- Истурете малку од смесата од зеленчук над неа, а потоа повторно наредете лазањи.
- Истурете го сосот со сирење и оставете го преостанатиот дел од мешавината од зеленчук.
- Покријте со последниот слој лазањи, а потоа и остатокот од сосот со сирење.
- Одозгора нарендајте уште малку сирење.
- Печете 35-40 минути т.е. додека лазањите не омекнат или додека не добијат златно кафена боја.
- Оставете ги 5 минути да се изладат, а потоа исечете ги на парчиња.
Можеби сакате да пробате нешто поинакво како тост во рерна.