Највкусниот летен десерт: Рецепт за колач од кајсии
Не пропуштајте го нашиот денешен рецепт за колач од кајсии кој можете да го комбинирате со шлаг или сладолед.
Потребни состојки:
- 450 грама средни кајсии
- 130 грама брашно
- 55 грама бадемово брашно
- 1 лажичка прашок за пециво
- ¼ лажичка сол
- 85 грама путер
- 135 грама шеќер
- 1 лажичка екстракт од ванила
- 2 големи јајца
- 120 милилитри полномасно млеко
- 55 грама стопен путер
- 110 грама кафеав шеќер
- ½ лажичка мелен цимет
Начин на подготовка:
1. Загрејте ја рерната на 180 степени целзиусови. Премачкајте го калапот за торта со путер, а во помал сад измешајте ги растопениот путер, кафеавиот шеќер, циметот и ¼ лажичка сол. Распоредете ја смесата подеднакво во калапот.
2. Исечете ги кајсиите на половина, извадете ги семките и наредете ги врз калапот.
3. Подгответе го тестото за колачот: истурете го брашното во сад со средна големина. Додајте ги бадемовото брашно, прашокот за пециво и солта и мешајте за да се соедини смесата.
4. Изматете го шеќерот и путерот додека не се соединат околу 2 до 3 минути. Додадете го екстрактот од ванила и јајцата и мешајте одново додека смесата не се соедини.
5. Додадете 1/3 од смесата со брашно, а потоа ½ млеко и мешајте. Продолжете наизменично да ги додавате брашното и млекото и мешајте за да се соедини смесата. Печете додека колачот не добие златно-кафеава боја. Можете да го послужите со сладолед или шлаг. На здравје!
Откако го прочитавте нашиот денешен рецепт за колач со кајсија, можеби ќе сакате да го прочитате и рецептот за домашен сладолед од кајсии.
Извор: punkufer.dnevnik.hr