Највкусни и најздрави: Рецепт за палачинки со тиквички
Палачинките од тиквички се многу вкусни и можете да ги јадете со безброј комбинации, исто како класичните палачинки, само што овие се поздрави. Освен тоа, рецептот што ви го споделуваме е навистина лесен и нема да ви одземе многу време.
Тиквичката е исклучително хранлив зеленчук. Има неутрален вкус, нискокалорична е, има антиинфламаторно дејство, ги чисти цревата, ја враќа еластичноста на кожата и го стимулира метаболизмот.
Потребни состојки:
- 1 средна тиквичка
- 2 средни компири
- прстофат сол
- 160-200 грама брашно
- 1,5 чаши млеко
- 3 јајца
- магдонос, млад кромид, чешне лук
- 3 лажици маслиново масло
- прашок за пециво
Начин на подготовка:
1. Добро изрендајте ги компирите и тиквичката, посолете ги и оставете да отстојат малку. Добро исцедете ги пред да ги ставите во садот каде што ќе ги додадете останатите состојки и ќе ја направите смесата за палачинки.
2. Додадете брашно, прашок за пециво и млеко во смесата со компири и тиквичка, а на крај маслиново масло, трите изматени јајца и зачини – свежо сечкан магдонос, млад кромид и лук.
3. Подмачкајте ја тавата со масло и загрејте ја и пржете ги палачинките како и вообичаено – на тивок оган, додека не поруменат, па свртете ги на другата страна и повторете ја постапката.
4. Можете да ги комбинирате со сирење, шунка и авокадо или да смислите своја комбинација. На здравје!
Откако го прочитавте нашиот предлог за вашето денешно мени, можеби ќе сакате да го прочитате и рецептот за печени палачинки со сирење и спанаќ.
Извор: sensa.mondo.rs