Претходно
Најубавите сандали за следната година
Анџело Ругери, креативниот директор на познатата италијанска модна куќа „Серџио Роси“ ги изненади сите со своите совршени сандали кои ќе се појават на пазарот наредната недела.
Сандалите се претставени во една од колекциите за 2014 година, а инспирирани се од едно од најпознатите уметнички дела на уметницата Габриела Креспи, свеќникот „Gocce Oro“. Сандалите се украсени со прекрасна пеперутка, која е и симбол на оваа дизајнерска куќа.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.