Најубавите Инстаграм профили кои сигурно ќе ви ја дадат потребна утринска модна инспирација
Факт е дека кога ќе се разбудиме наутро, попрво го земаме телефонот отколку четката за заби. Иако дигиталната зависност си има свои лоши страни, „демнењето“ на Инстаграм во утринските часови може да биде добро за вашиот џеб, а и да ви помогне да ги избегнете мислите од типот: „Се надевам никој нема да забележи дека го носам истиот џемпер“.
Следниот пат кога ќе се разбудите и ќе посегнете по телефонот, побарајте ги овие Инстаграм диви кои ќе ве натераат поинаку да го гледате плакарот.
1. KinksArePink
Ќе се восхитите од нејзината способност за слоевито облекување и нејзината љубов кон капите. Плус нејзините утрински мотивации сигурно ќе ви го разубават денот.
2. EaEmileeAnne
Нејзиниот „шик без труд“ изглед нѐ натера да ѝ ракоплескаме. Без разлика што и да прави, оваа блогерка и дизајнерка на накит точно знае како да го направи тоа.
3. FrassyAudrey
Најлесна дефиниција за нејзиниот изглед е: европската улична мода се судира со желбата за патување. Следејќи ја неа, ќе сфатите дека не морате да трошите „смешна“ сума на пари за чанта, бидејќи оваа блогерка честопати носи слатки брендови кои и нам ни се достапни како H&M и Зара, а сепак изгледа како милион долари.
4. LaBelleMel31
Женствен стил со блага ексцентрика. Ништо помалку и не би очекувале од фотографка на свадби.
5. DressingOutsideTheBox
Облеката на оваа Германка е како чаша еспресо која нѐ полни со енергија, а ние сме целосно навлечени на неа.
6. PlatinumAndPenniless
Нејзиниот стил е спој на минималистички гламур со рокерски шик. Одличен пример за тоа е овој фустан во комбинација со искинати фармерки. Генијално.
7. VanishaLifeUnstyled
Иако постојано патува од Фиџи до Нов Зеланд, Ваниша сепак секогаш има време да објави слика од нејзината шик гардероба.
8. KarenBritChick
Нѐ освои со нејзината смисла за хумор и нѐ натера да посакуваме уште од нејзиниот еклектичен уличен стил и ведар карактер.
9. StyleOnTarget
Интересно е што нејзината имагинација оди до такви граници, што во секоја комбинација има барем по едно парче од продавницата Таргет. 10 поени за креативност од нас.
10. KaitlinKKeegan
Не постои некој кој знае подобро да го разигра обичниот џемпер како оваа девојка. Со нејзините интересни комбинации таа нѐ убеди да ја засакаме зимата. Во нејзините слики ќе пронајдете различни инспирации за џемпери, елеци, капи и слоевито облекување.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.