Најубавите фризури на светот: Сестрите кои ги освоија социјалните мрежи со своите плетенки
Линда (24) и Миа (14) се две сестри кои доаѓаат од Норвешка и кои имаат една доста интересна и корисна вештина: Умеат да прават плетенки и фризури за кои девојките можат да сонуваат и кои можеме да ги сретнеме само во бајките. Тие веќе го освоија Инстаграм, каде фотографиите од прекрасните плетенки ги објавуваат на нивниот официјален профил – aurorabraids, а имаат огромен успех и на Јутјуб каде детално го објаснуваат начинот на стилизирање на косата.
„Како и повеќето девојки, научивме да плетеме плетенки кога бевме малечки. Меѓутоа, пред 5 години научивме како да правиме комплицирани фризури, експериментирајќи со различни стилови и станавме опседнати со плетенките“, велат сестрите.
Тие имаат издадено дури и книга со упатства и инструкции како да направите преку 70 видови плетенки. Дополнително ги разубавуваат своите интересни дизајни со разни модни додатоци како цвеќиња, траки и слични декорации. Миа и Линда велат дека за да ги подготват поедноставните плетенки им се потребни 20 минути, додека за покомплицираните – преку 1 час.