Најтешко е да се ослободите од масните наслаги на стомакот: 5 индиски вежби без движење што даваат најдобар резултат
Масните наслаги на стомакот се најтешки за отстранување, без оглед на тоа колку вежбате и колку внимавате на вашата исхрана. Најефективни за овој проблем се јога вежбите, а резултатите нема да изостанат ако бидете упорни.
1. Поза „кобра“
View this post on Instagram
Оваа вежба ги зајакнува стомачните мускули и помага да се отстранат маснотиите од нив. Исто така, помага да се зајакне флексибилноста на ‘рбетот и да се зајакне горниот дел на телото.
Како се изведува: Легнете на стомак со нозете испружени. Ставете ги дланките под рамената, а брадата и прстите треба да го допираат подот. Вдишете полека, подигнете го горниот дел од телото и свиткајте се колку што е можно повеќе. Задржете 15-30 секунди. Издишете полека и вратете се на почетната позиција. Повторете 5 пати.
Напомена: Оваа вежба не треба да ја прават бремени жени и луѓе кои страдаат од чиреви, од хернија или од повреди на грбот.
2. Обратен лак
View this post on Instagram
Оваа поза ги зајакнува срцето и абдоминалните мускули и ги топи масните наслаги. Исто така, го стимулира дигестивниот систем и спречува појава на запек.
Како се изведува: Легнете на стомак, испружете ги нозете и раширете ги рацете. Свиткајте ги колената и фатете ги стапалата со рацете. Вдишете и подигнете ја главата, зафрлете ја наназад додека истовремено ги кревате нозете колку што е можно повеќе. Задржете 15-30 секунди и дишете нормално, а потоа вратете се на почетната позиција. Повторете 5 пати.
3. Поза „кран“
View this post on Instagram
Оваа вежба помага при отстранувањето на масните наслаги од половината и ги зајакнува мускулите на грбот и на нозете.
Како се изведува: Легнете на грб, истегнете ги нозете и спојте ги. Рацете се поставени покрај телото. Вдишете и започнете да ги кревате нозете исправено, без да ги виткате колената. Подигнете ги рацете и допрете ги нозете така што ќе формирате агол од 45 степени со вашето тело. Задржете 15 секунди и дишете нормално. По издишувањето, вратете се на почетната позиција. Повторете 5 пати.
4. Поза „штица“
View this post on Instagram
Ова е наједноставната вежба што ги согорува маснотиите од стомакот и ги зајакнува рамената, рацете, грбот, задникот и нозете.
Како се изведува: Застанете како во позиција за изведување склекови, вдишете, држете го грбот рамен, а целото тело исправено. Задржете 15-30 секунди или подолго време колку што можете. Направете пауза, а потоа повторете уште 4 пати.
5. Поза „ветер“
View this post on Instagram
Оваа вежба, освен слабеење во пределот на абдоменот, обезбедува и намалување на болката во долниот дел на грбот. Исто така, се верува дека го забрзува метаболизмот.
Како се изведува: Легнете на грб со раширени раце и нозе. Свиткајте ги колената, прегрнете ги со рацете и повлечете ги кон градите. Со помош на колковите пренесете го притисокот на стомачните мускули. Вдишете длабоко и останете во таа положба 60-90 секунди. Повторете ја вежбата 5 пати.
Совет: Помеѓу секое повторување на секоја од овие вежби, направете пауза од 15 секунди.
Прочитајте кои 7 вообичаени грешки може да бидат опасни за здравјето додека вежбате во текот на летото.