Најстрогата модна критичарка топло препорачува: 7 правила за добра модна комбинација
Највлијателната жена во модата во денешниот свет без сомнение е Ана Винтур. Модните дизајнери често во последен момент ги менувале своите колекции поради нејзиното мислење што доволно кажува за тоа колку ја ценат или пак ѝ се плашат. Во продолжение дознајте ги правилата за добра модна комбинација од најстрогата модна критичарка.
1. Рециклирајте ја облеката
Не можете да ги да видите најголемите светски ѕвезди двапати во едно парче облека или пак во истата модна комбинација. Тие откако еднаш ќе облечат нешто, брзо потоа забораваат на него. Ана не се сложува со тоа и ни препорачува да ја рециклираме облеката: „Секогаш е забавно да имате нешто ново, но тоа не значи дека морате сето она што веќе е во вашиот гардеробер да го исфрлите од него. Рециклирајте, бидејќи нема подобра навика од таа!“
2. Наместо на трендовите, верувајте ѝ на класиката
Немојте да дозволите во вашиот гардеробер да превладуваат моментално најпопуларните парчиња облека и секогаш оставајте најмногу место за класичната облека. Никогаш не заборавајте на оние вечни трендови кои одамна станаа класика. Такви, на пример, се минимализмот, цветниот принт, животинскиот принт, пругите и слично.
3. Избегнувајте лога и натписи на облеката
Ана Винтур преферира дискретни парчиња облека, без впечатливи натписи и лога кои го тргаат вниманието од она што е најважно во модата – убавината на облеката, нејзиниот крој, деталите и боите. Купувањето такви парчиња облека на долгорочен план е лоша инвестиција, бидејќи од блузите со некој инспиративен цитат или лик од цртан филм, најверојатно брзо ќе се заситите, но едноставната блуза секогаш одново и одново ќе посакате да ја облечете, бидејќи полесно ќе можете да ја комбинирате во различни прилики.
4. Останете верни на облеката и обувките кои добро ви прилегаат
Ана повеќе од 20 години го носи истиот модел на обувки. Сандалите од Маноло Бланк за прв пат ги облекла во 1994 година, и од тогаш не може без нив.
5. Избегнувајте вештачки материјали
Кога ја запрашале Ана кој моден тренд би го забранила засекогаш, таа одговорила: „Навистина не сакам најлон“. Највлијателната жена во светот на модата преферира што е можно поприродни материјали.
6. Избирајте облека која ќе ја истакне вашата фигура
„Панталоните кои имаат широки ногавици и ефект на здолниште, но и должината им е над зглобовите, се добра идеја само ако сте високи како Карли Клос“, изјавила Ана. Водете сметка за тоа дали ви ласкаат кроевите кои сакате да ги носите за да го извлечете најдоброто од облеката што ја купувате.
7. Држете се подалеку од флуоресцентните бои
Во текот на минатогодишниот тениски турнир „US Open“, Винтур им дала важен совет на посетителите кои во живо ги гледале натпреварите: „Немојте да заборавите да ги носите вашите очила за сонце, особено ако тенисерите инсистираат да ги носат оние грди флуоресцентни бои“. Таа и тоа како сака јаки бои и не се двоуми да ги понесе во своите модни комбинации, но за флуоресцентните нема место во нејзиниот гардеробер.