Најсилните луѓе знаат како е да се биде скршен на милион парчиња

Најсилните луѓе знаат како е да се биде скршен на милион парчиња

Најсилните луѓе ја познаваат болката. Тие страдале, биле повредени и се чувствувале мртво додека сѐ околу нив живеело. Најсилните луѓе некогаш биле слаби и беспомошни. Морале да научат како да бидат силни и отпорни. Морале да научат како да се борат за својот глас и да го бранат својот став. Морале да научат како да преживеат. Морале да научат како да живеат сами кога сѐ што им требало било пријателска рака.

Најсилните луѓе знаат како е да се биде скршен на милион парчиња

Најсилните луѓе не добиваат сѐ што ќе посакаат, немаат совршен живот и не ги донесуваат правилните одлуки секогаш, но знаат како да продолжат понатаму кога им снемува гориво. Знаат како да ја најдат храброста откако биле обесхрабрувани одново и одново. Тие веруваат дека нивното трпение и толеранција ќе ги одведат многу далеку. Тие знаат дека животот ги тестирал повеќе пати и дека можат да ги положат сите негови тешки тестови.

Најсилните луѓе го разбираат одбивањето, осаменоста, скршеното срце и загубата. Тие немале лесно минато или среќно детство. Тие пораснале и станале подобри луѓе и покрај сите потешкотии низ кои морале да поминат и сѐ уште љубат со сето нивно срце. Тие љубат на заштитнички начин, бидејќи не дозволуваат нивните сакани да поминат низ истата болка.

Само тогаш кога премногу добро ќе ја познавате болката, ќе знаете како да љубите безусловно. Најсилните луѓе даваат сѐ од себе за да им помогнат на нивните најблиски, бидејќи знаат како да бидат сочувствителни и секогаш се тука за да понудат рамо за плачење. Тие се радуваат кога ја споделуваат нивната сила со другите, бидејќи тоа ги прави уште посилни.

Иронично, но најсилните луѓе љубат најсилно и скршените срца им помагаат да се чувствуваат целосни. Најсилните луѓе секогаш се смеат наутро како да не исплакале цела река солзи ноќта претходно.

Во продолжение прочитајте и зошто само најсилните луѓе страдаат од анксиозност.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар