Најраспространетите погрешни верувања за менструацијата и контрацепцијата

Најраспространетите погрешни верувања за менструацијата и контрацепцијата

Резултатите од бројни истражувања за тоа колку младите знаат за контрацепцијата и менструацијата, не се баш добри. Се покажало дека голем број млади не се доволно запознаени со фактите за сексуалното здравје, дека девојките имаат некои погрешни верувања за менструацијата и дека на многумина им е непријатно да се посоветуваат со гинеколог за контрацепција, како и да разговараат со своите партнери за тоа. Погледнете кои се најчестите митови и вистините зад нив.

1-pogreshni-ubeduvanja-za-menstruacijata-i-kontracepcijata-www.kafepauza.mk_

1. Пилулите не се добри, бидејќи со нив немаме вистинска менструација

Постои многу распространето убедување дека менструацијата ја чисти матката од микробите и мртвите клетки и дека пилулите за контрацепција го поништуваат тој ефект, бидејќи тоа не е „вистинска менструација“. Науката тврди дека не постојат никакви медицински причини за ова верување. Ако менструацијата трае пократко, посиромашно или дури понекогаш изостане што може да се случи доколку користите пилули за контрацепција, тоа не е штетно за вашиот организам.

2. Потребна е пауза од пилулите, за организмот да заздрави

Многу жени сметаат дека е потребно да направат пауза од неколку месеци при редовното земање пилули за контрацепција. Со современите пилули, оваа пауза ја губи својата смисла, а понекогаш, баш напротив, дури и штети. Всушност, постои ризик од тромбоза што е најголем на почетокот на земањето пилули, а потоа се намалува. Со други зборови, ако се направи пауза, поголем е ризикот од тромбоза. Таблетите исто така нема да имаат намалено делување после паузата – времето на земање нема никакво влијание врз тоа.

2-pogreshni-ubeduvanja-za-menstruacijata-i-kontracepcijata-www.kafepauza.mk_

3. За време на менструацијата не е возможно да се забремени

Шансите се секако помали отколку за време на плодните денови, но бројни примери сведочат за тоа дека ова претпоставка е погрешна. Да имате сексуални односи за време на менструацијата без никаква заштита е слично на играње руски рулет. Може да помине добро, но не може целосно да се исклучи ризикот од бременост, бидејќи оплодување е возможно дури и тогаш. Овулацијата започнува отприлика две недели пред менструацијата, но може да варира. Ако се помести за неколку дена и започне брзо после менструацијата, додека сперматозоидите кои успеале да влезат внатре се сѐ уште живи (просечниот век не им е точно одреден, но може да живеат и до пет дена) – ќе ги имате сите услови за оплодување.

4. Спиралата не е пожелна кај девојките

Жените кои веќе родиле, почесто се одлучуваат за спирала, но факт е дека нема никакви проблеми да ја користат и девојките. Поголемиот дел од девојките можат веќе после првата менструација да користат спирала како заштита од бременост, а таа се препорачува како добра алтернатива во случајот на пречувствителност на естроген.

5. Нормално е менструацијата да биде болна и тука нема помош

Жените чувствуваат различни болки пред и за време на циклусот, во комбинација со обилни и долготрајни менструации. Некои жени се жалат на болни гради и половина, чувство на отеченост и главоболка и им помагаат обични аналгетици, а некои добиваат мигрени кои предизвикуваат мачнини и повраќање и имаат грчеви кои се толку интензивни и болни што може да се споредат со породилните болки и аналгетиците помагаат малку или воопшто немаат дејство. Оваа состојба не треба туку-така да се прифати. Докторот може да помогне за да се пронајде решение, а тоа често лежи во примена на соодветни пилули за контрацепција, кои ја ублажуваат непријатноста и го прават периодот пред и за време на менструацијата поподнослив.

Дознајте и сѐшто сè треба да знаете за контрацепцијата.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар