Најпрактичната летна фризура којашто е одлична за девојките со долга коса

Најпрактичната летна фризура којашто е одлична за девојките со долга коса

Девојките со долга коса знаат дека воопшто не е лесно да се преживеат летните горештини со толку многу влакна на главата. Најчесто овој проблем го решаваат со опавче или пунџа. Благодарение на познатите дами, има уште една фризура која е одличен избор за топлите летни денови. Џесика Алба, Џенифер Лопез и многу модни блогерки покажуваат дека оваа фризура е одлична за црвениот тепих, но и за секојдневните излегувања.

Најпрактичната летна фризура којашто е одлична за девојките со долга коса

Станува збор за опавче врзано на врвот на главата, односно популарната „палма“ која сигурно сте ја сакале додека сте биле мали.

Оваа фризура одзема многу малку време, не се потребни никакви вештини, а вашата коса ќе изгледа навистина неверојатно. Фризурата најдобро изгледа на долга коса, но е одличен избор и за дамите со лоб фризура.

Најпрактичната летна фризура којашто е одлична за девојките со долга коса

Најпрактичната летна фризура којашто е одлична за девојките со долга коса

Најпрактичната летна фризура којашто е одлична за девојките со долга коса

Па што мислите, дали би ја пробале?

За инспирација, погледнете ги и останатите најдобри летни фризури за долга коса.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар