Најпознатите три коктели

Најпознатите три коктели

Доколку викендов сакате да го искористите за дружење со пријателите, овие три коктели можат да бидат одличен додаток во вашата забава. Трите можеби најпознати коктели, се лесни за подготвување, а и лесно се пијат. Па кој е вашиот омилен?

Cosmopolitan

Потребни состојки:
  • 30 мл вотка
  • 15 мл ликер од портокал
  • 15 мл ликер од лимета
  • 15 мл џус од боровинки
  • резанка од лимета
  • мраз
Начин на подготовка:

Сите состојки ставете ги во шејкер и додадете неколку коцки мраз. Силно измешајте ги и сипете го коктелот во мартини коктел чаша. Декорирајте со една резанка лимета на работ од чашата.Најпознатите три коктели

Sex on the Beach

Потребни состојки:
  • 30 мл вотка
  • 30 мл ликер од праска
  • 85 мл сок од портокал
  • 85 мл џус од брусница
  • мраз
Начин на подготовка:

Сите состојки ставете ги во шејкер и силно измешајте ги. Коктелот послужете го во висока чаша полна со коцки мраз.Најпознатите три коктели

Long Island

Потребни состојки:
  • 45 мл вотка
  • 45 мл џин
  • 45 мл рум
  • 45 мл ликер од портокал
  • 5 мл текила
  • 10 мл џус од портокал
  • 60 мл кока-кола
  • резанки лимон
  • мраз
Начин на подготовка:

Сите состојки сипете ги во шејкер и убаво измешајте ги. Во голема стаклена чаша полна со мраз сипете го коктелот и декорирајте со неколку резанки лимон.Најпознатите три коктели


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

Остави коментар