Најпознатите фризери од Њујорк ни откриваат колку пати неделно треба да ја миеме косата
Професионалците советуваат користење шампони кои не содржат сулфати, бидејќи тие ја сушат косата и темето, па околу фоликулите почесто се создаваат маснотии. Иако не може точно да се одреди за сите луѓе колку често треба да се мие косата, постои правило што важи за сите – колку поретко ја миете, толку помалку ќе се мрси.
Џулијан Фарел, реномиран фризер од Њујорк, тврди дека косата ќе ни биде помалку мрсна доколку го намалиме користењето на омилените шампони. Имено, пречестото миење на косата може да го исуши темето, бидејќи од него се мие себумот – мрсна супстанца која е произведена од жлездите во кожата, а чија улога е чувањето на темето и косата влажни.
„Доколку ја миете косата со шампон секој ден, вие ќе ги отстраните природните масла, а тоа води до сува и кршлива коса. Препорачувам да ја миете косата еднаш до два пати неделно со шампон, но не почесто од тоа“, објаснува фризерот.
Неговиот колега, Пол Чучинело, додал дека ако косата е оштетена од претерана изложеност на високи температури (на пример, претерано фенирање или користење пегла за коса), тогаш никако не смеете да ја миете со шампон повеќе од два пати неделно. Тој исто така советува да ја миете со вода колку што сакате, особено ако сте се испотиле, но да не нанесувате шампон повеќе од два пати неделно.
Обидете се да го изберете шампонот што одговара на вашиот тип кожа, и одберете го оној што не содржи сулфати. Внимавајте и при нанесувањето на регенератор, ставајте го само на врвовите на косата, никако близу темето. Исто така, не правете фризури со висока температура. Претоплиот фен или пеглата за коса исто така ја сушат.