Позната фитнес инструкторка изјавува: Рестриктивните диети никогаш не даваат посакувани резултати
Советите за слабеење и витка линија секогаш се добредојдени. Уште повеќе кога тие ни ги даваат едни од најуспешните и најпознатите фитнес инструктори и нутриционисти. Клучот е навистина едноставен, но треба да се применува редовно. Не е воопшто тешко да се придржуваме на здрави навики, но потребна е конзистентност за да се видат резултати.
Ви откриваме што советува Џилијан Мишел кога е во прашање фитнесот.
„Спроведувањето на екстремно рестриктивна исхрана која не е одржлива е рецепт за катастрофа“, вели таа.
Џилијан нагласува дека постојат две клучни работи за губење на тежината: едноставно внесување калории и обрнување внимание на состојките во храната!
Во поглед на прехранбените навики, таа е голем поборник на здрава исхрана и развивање на здрава и урамнотежена рутина. Секое утро го започнува со шолја кафе. Кафето содржи низа антиоксиданти и полифенол поради што придобивките од него се поврзани со когнитивно функционирање, здравје на срцето, кондициски перформанси, намален ризик од болести на црниот дроб, а може да помогне и кај дијабетес тип 2.
После појадокот во таа прилика внесува околу 500 калории, четвртина од нејзиниот дневен внес калории.
„Целта ми е внесување релативно рамномерна комбинација на здрави сложени јаглехидрати, протеини и полинезаситени или мононезаситени масти.“
Секогаш со себе носи здрава храна, во случај да ја изненади напад на глад и да ја дочека неспремна.
„Сакајте се себеси и грижете се за своето тело. Најважно е вашето лично доживување и дали се чувствувате удобно во својата кожа, а не она што ќе го кажат другите“, заклучува Џилијан.
Дознајте и колку е навистина важна здравата исхрана.