Најпопуларното парче накит што го носат сите инфлуенсерки околу врат
Ако сте во потрага по безвремено парче накит што можете секојдневно да го носите, тогаш дефинитивно треба да вложите во приврзок во форма на буква. Станува збор за едноставна, предимензионирана златна буква со којашто почнува вашето име или името на вашата сакана личност.
Ланчињата со иницијал или име не се никаква новост, но тоа што е интересно е дека сите инфлуенсерки почнаа да ги носат на себе. Трендот започна од француската модна куќа Селин уште минатата година, и со поминувањето на времето само се зајакнува и станува почесто забележлив на социјалните мрежи.