Најпопуларната техника на шминкање за оваа сезона
4. Користете мала четка за шминкање и со неа претопете го горниот раб од линијата која претходно ја повлековте со моливот на горниот капак. Долната оставете ја како што е, бидејќи подоцна преку неа ќе поминете со туш за очи.
5. Користејќи ја таа линија на горниот капак како водилка, и со помека четка, нанесете кафеава или некоја друга сенка по ваша желба. Задолжително повлекувајте го нијансирањето нагоре. Долниот раб од линијата мора да стане чист и прецизен.
6. На долниот капак нанесете црн туш за очи и подигнете го како на фотографијата.
7. Сенката која сте ја нанеле на горниот капак, онаа со која сте ја ублажиле горната линија на браздата на капакот, нанесете ја и на надворешната половина на долниот капак, до линијата на трепките.
8. За крај, нанесете два или три слоја маскара или за уште подраматичен ефект, вештачки трепки.
Постојат уште многу техники кои можете да ги искористите за да создадете една ваква шминка. Погледнете ги овие Јутјуб туторијали и веднаш започнете да ја создавате оваа мејкап уметност.
Ако вашите капаци пак се многу спуштени, погледнете го и овој туторијал за најдобар ефект на шминката.