Најпопуларната техника на шминкање за оваа сезона

Најпопуларната техника на шминкање за оваа сезона

Мејкап трендовите, исто како и оние во модата, постојано си одат и се враќаат. Па така, оваа година еден од најпопуларните мејкап изгледи, познато како „Cut Crease“, ќе биде повратник од шеесеттите години. Оваа техника на шминкање се однесува на јасно дефинирање на браздата на окото со две прилично различни нијанси на сенка (често посветла и потемна) и тоа без или со малку блендирање помеѓу нив – за преминот да биде појасен.

1-cut-crease-najpopularnata-tehnika-na-shminkanje-za-ovaa-sezona-www.kafepauza.mk_

Кога ќе се направи исправно, ова може да биде доста добар изглед особено за личностите со средно до значително спуштени капаци, бидејќи оваа шминка визуелно ги подигнува капаците и ги прави очите поотворени. И што е најважно, можете да избирате помеѓу нежно и дискретно или драматично, а сето тоа зависи од вашето расположение.

3-cut-crease-najpopularnata-tehnika-na-shminkanje-za-ovaa-sezona-www.kafepauza.mk_

Ако сте почетник во шминкањето или не го правите тоа често, добар совет е да започнете со подискретни бои, додека интензитетот треба да се задржи на надворешниот агол од окото. Започнете лесно и полека надградувајте ја јачината на сенката. Најдобар начин е да гледате право во огледалото за точно да погодите каде сакате да започнува вашата „нова“ бразда на окото. Повлечете линија каде што сакате и потоа претопете ја сенката кон нагоре.

2-cut-crease-najpopularnata-tehnika-na-shminkanje-za-ovaa-sezona-www.kafepauza.mk_

Да започнеме чекор по чекор:

1. Најнапред на целиот горен капак нанесете светла сенка или во крем нијанса која ќе послужи како подлога за понатамошното претопување на потемните сенки.

5-cut-crease-najpopularnata-tehnika-na-shminkanje-za-ovaa-sezona-www.kafepauza.mk_

2. Со молив за очи (доколку сакате нешто подискретно, изберете кафеава боја) на надворешниот раб од окото нацртајте „V“ облик, а потоа линијата повлечете ја по должина на линијата на браздата на окото. Кон внатрешниот агол од окото намалете го притисокот на моливот врз кожата за полека да станува потенка и поневидлива.

6-cut-crease-najpopularnata-tehnika-na-shminkanje-za-ovaa-sezona-www.kafepauza.mk_

3. Откако ќе го нацртате тоа, би требало да изгледа како на фотографијата подолу. Немојте да се загрижувате доколку не сте успеале од прв пат. Избришете, па започнете од почеток.

7-cut-crease-najpopularnata-tehnika-na-shminkanje-za-ovaa-sezona-www.kafepauza.mk_

Преминете на следната страница за останатите чекори и неколку видео туторијали…


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар