Најпопуларната боја за ова лето е навистина големо изненадување

Најпопуларната боја за ова лето е навистина големо изненадување

Иако корално-портокаловата боја беше прогласена за боја на 2019 година, дизајнерите имале малку поразлични идеи за ова лето. Имено, скоро сите познати модни куќи во своите летни колекции вклучиле нежна нијанса на зелената боја, позната и како ф’стак зелена во која се заљубиле и модните трендсетерки и инфлуенсерки.

Тоа што ја прави оваа нијанса совршена за летото е фактот дека убаво го нагласува потемнетиот тен, одлично стои на сите бои на кожата и многу лесно се комбинира. Со оглед на тоа што е многу светла, таа ќе ве освежи дури и за време на најтоплите летни денови. Да не заборавиме на фактот и дека е прифатлива за сите пригоди.

Освен за облеката, оваа зелена нијанса е хит и за модните додатоци, за костимите за капење, како и за ноктите. Похрабрите девојки ја користат дури и како дел од нивниот мејкап.

А ако оваа нијанса не е по ваш вкус, нема да згрешите дури ни ако одберете која било друга зелена нијанса. Во тој случај добро е да знаете дека флуоресцентната зелена боја се наоѓа на второто место на летната хит листа на бои.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар