Најновиот тренд во шминкањето кој ги воодушеви жените

Најновиот тренд во шминкањето кој ги воодушеви жените

Шминката е дел од секојдневната рутина на секоја средена жена, а сѐ повеќе жени се обидуваат да постигнат природен изглед при шминкањето. Доказ за тоа е најновиот тренд за шминкање – без употреба на маскара.

Ваквиот начин на шминкање ќе ви заштеди од времето кое го трошите на нанесување и вадење на шминката, а секако, ќе направи и да изгледате посвежо. Предност е и тоа што нема да ја уништите останатата шминка ако несвесно си ги протриете очите. Исто така, ако не нанесете маскара за вечерното излегување, следниот ден нема да се разбудите со црни дамки размачкани под очите од нецелосно отстранетата шминка.

Најновиот тренд во шминкањето кој ги воодушеви жените

Најновиот тренд во шминкањето кој ги воодушеви жените

Наместо со маскара, очите може да ги истакнете со разнобојни сенки за очи, со што ќе добиете поприроден изглед. Исто така, фокусот можете да го ставите на усните, веѓите, кои треба да бидат добро дефинирани, како и на јаболчиците. Вака ќе постигнете мекост во изгледот, ќе зрачите со еден вид прикриена самодоверба, додека истовремено изразено ќе потенцирате други впечатливи црти на вашето лице. Токму затоа шминкерите на модните недели ширум светот годинава своите модели ги праќаа на писта без маскара.

Најновиот тренд во шминкањето кој ги воодушеви жените

Најновиот тренд во шминкањето кој ги воодушеви жените

Најновиот тренд во шминкањето кој ги воодушеви жените

Најновиот тренд во шминкањето кој ги воодушеви жените

Најновиот тренд во шминкањето кој ги воодушеви жените

Најновиот тренд во шминкањето кој ги воодушеви жените

Исто така, прочитајте и зошто треба да го одморите лицето од шминка.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Книжевничка која би живеела во приказна на Харуки Мураками, во режија на Вес Андерсон, со саундтрак на The Smiths.

Поврзани содржини

Остави коментар