Најновиот кулинарски тренд: Вафли на стапче! Ќе ги обожавате!
Кога ќе пребарате на Инстаграм или Пинтерест #wafflepops ќе ви излезе вистинска слатка уметност на која со сигурност нема да можете да ѝ одолеете. Најновиот тренд во светот на храната за 2017 година е токму овој десерт на стапче! Денес ви откриваме како да ги подготвите омилените вафли.
Потребни состојки:
- 300 грама (3 шолји) брашно
- прашок за печиво
- 120 милилитри (1/2 шолја) масло
- малку сол
- 2 јајца
- 480 милилитри (2 шолји) млеко
- малку шеќер
Подготовка:
Ставете ги сите состојки во сад и измешајте ги со миксер за да добиете смеса со густина како за палачинки. Потоа, сипете ја смесата во тостер за вафли и печете според упатството за употреба. Кога станува збор за преливот, ние ќе ви предложиме две варијанти, а останатото го препуштаме на вашата фантазија. Играјте си, можностите се безброј!
Прелив од црно чоколадо
Откако ќе ги испечете вафлите ставете ги на дрвено стапче за сладолед и потопете ги во претходно стопено црно чоколадо, а на крај посипете ги со мелени бадеми или лешници.
Прелив од бело чоколадо
Повторете ја истата постапка, само наместо црно чоколадо растопете белo и посипете со ситно сечкано кандирано овошје и листови бадем.
Кога сме кај храната, трендовите и слатките десерти, ве потсетуваме на неодоливите крофни во форма на цветови.