Претходно
Нов моден тренд кој ќе ве остави без зборови: Мажи со плетенки
Во модниот свет на мажите се појави нов тренд кој станува сѐ повеќе популарен: Исплетена коса. Добро одржуваните бради и средените машки пунџи сега се заменети со уште покомплицирани фризури со плетенки кои обично ги гледаме само кај женскиот пол. На Интернет секојдневно излегуваат фотографии од мажи кои се осмелиле да го практикуваат овој моден тренд и мораме да признаеме дека на повеќето одлично им стои.
Мислењата околу тоа дали мажите со плетенки се позитивна или негативна појава се поделени. Што мислите вие? Погледнете ги следниве фотографии и пишете ни дали ви се допаѓаат.