Најмногу нè повредуваат сеќавањата што не знаеме дека ги создаваме
Понекогаш не знаеме дека се наоѓаме во сеќавање сè додека не помине моментот. Неколку денови подоцна ние почнуваме да размислуваме за моментот и да ги анализираме деталите, разговорите, зборовите. Се обидуваме да го зачуваме тој момент во нашиот ум и се држиме за него.
Но не е секогаш вака. Понекогаш знаеме дека создаваме сеќавања во моментот кога ги создаваме. Застануваме и си велиме „Никогаш нема да го заборавам овој момент“, и не го забораваме. Ги внесуваме во нашата меморија звуците, глетките и мирисите. Тоа е како првиот годишен одмор за кој знаеме дека родителите потрошиле многу пари, и иако понекогаш ни изгледал како присилена семејна забава, сепак имаме прекрасни сеќавања, а понекогаш и фотографии од тие денови. Или пак, сеќавањата за нашите баби и дедовци, и викендите поминати со нив играјќи карти или гледајќи телевизија. Овие моменти го оформиле нашиот живот. Тие се местата кои ги посетуваме кога ги затвораме очите, слушаме некоја песна или гледаме некој стар филм.
Но сеќавањата за кои не сме биле свесни дека ќе бидат сеќавања, се оние кои нè „убиваат“. Тие се прикриваат како најобично одење до продавница и завршуваат врежани во нашиот мозок. Тие се сеќавањата за кои е доволно само една песна да нè врати назад.
Изгледа дека и најдобрите сеќавања може да нè натераат да ни недостасуваат работите поврзани со нив. Начинот на кој се одвивале работите, нешта кои можеле да се случат, но не се случиле. Ние сакаме овие моменти да бидат повеќе од сеќавања. Сакаме да ги преживееме, па дури и само на кратко. Можеби ќе сме променеле нешто и резултатот би нè променил нас. А можеби нема да промениме ништо, но ќе уживаме во нив барем уште една секунда. Збогувањето ќе трае подолго, последниот бакнеж ќе биде поубав… Тогаш можеби нема да бидеме загрижени дека тој момент би бил нашето последно сеќавање…
Погледнете ги и овие цитати кои ќе ви го разубават утрото.