Најлошите трендови за убавина од оваа година
Иако шминката и фризурата често ни помагаат да ја изразиме својата индивидуалност, некои од трендовите за убавина ја преминуваат границата на добриот вкус. Со сѐ поголемото распространување на Инстаграм, некои од овие трендови беше невозможно да ги избегнеме, па затоа и сите паднавме под нивно влијание. Погледнете кои од нив со сигурност можат да се сместат во категоријата за најлоши од оваа година.
1. Кловновско контурирање на лицето
Ова е еден револуционерен тренд кој го носи шминкањето до екстреми. Кловновското контурирање никако не одговара на вашето лице и ве прави да изгледате како лик од стриповите.
2. Пренагласени усни
Овие примери треба на сите да им послужат како инспирација за апсолутно „не“ кога станува збор за изгледот. Треба да бидете задоволни со природните усни кои ви се дадени, бидејќи ваквите усни секогаш изгледаат вештачки.
3. Светкави бради
Празничната еуфорија отиде предалеку во моментот кога се појавија мажи кои своите бради ги бојадисуваа во светкави нијанси. Некои заминаа и чекор понапред, па почнаа и да ги украсуваат со најразлични декорации. Едноставно… Не!
4. Светкав корен
Поради ваквите зафати ќе се покаете веќе по првото миење на косата, бидејќи во неа сигурно ќе пронајдете уште остатоци од светки кои не се отстрануваат лесно.
5. Додатоци за машки пунџи
Иако машките пунџи оваа година беа најбараниот поим на Гугл во врска со косата, носењето на ваквите додатоци е целосен апсурд.
6. Необични бои за коса
Оваа година бевме сведоци на бројни трендови во бојадисувањето на косата, но што е многу – многу е. Експериментирањето е забавно, но во сѐ треба да се има мера.