Најлошиот совет за успех во кариерата кој сите го споделуваат

Најлошиот совет за успех во кариерата кој сите го споделуваат

Оние кои бараат работа, како и вработените, имаат доста тежок пат пред нив. Не е лесно да се најде работа, но уште потешко е откако ќе се вработите. Тогаш влегувате во еден сосема нов свет каде што од вас ќе се бараат многу задачи за краток временски рок. Токму затоа и време е овој совет кој постои веќе 2 декади, конечно да изумре.

Најлошиот совет за успех во кариерата кој сите го споделуваат

На оние кои бараат работа, луѓето најчесто им велат: „Направи сè за да ја добиеш работата!“ додека пак, оние кои се вработени, често слушаат: „Прави сè што ќе ти каже шефот, држи ја главата надолу и надевај се на најдоброто!“ И оние кои се во потрага по работа и оние кои веќе ја имаат, постојано се советуваат да ги трпат навредите и да молчат за своите потреби.

Но, време е ова да се смени. Вашата задача не е да ги исполнувате желбите на сите околу вас, на штета на вашите. Размислете, дали на овој начин некогаш би можеле вистински да бидете среќни на своето работно место? Сигурно досега многумина ви кажале дека вашиот глас не е важен, бидејќи постојат правила и во организацијата е важна групата, а не индивидуалните членови.

И покрај тоа што ова можеби било вистина пред многу години, сега нештата се премногу сменети. Вработените воопшто не постојат. Тие се само парчиња хартија кои се скриени во некои фиоки, во градот каде што компанијата била основана. Корпорациите се состојат од луѓе со мозок кои знаат дека не можат да постигнат сè сами. Колку се попаметни, толку се посвесни дека е потребен талент во нивната организација, а не робот без ум.

Мудрите лидери знаат дека имаат потреба од талентирани луѓе кои ќе бидат платени колку што вредат и ќе работат за некој кој ги заслужува. Овие луѓе смислуваат свои правила и го живеат животот на начин на кој тие сакаат – а со тоа и постигнуваат многу повеќе од останатите кои се обидуваат постојано да ги следат измислените правила.

Вашата цел не е да се адаптирате на средина во која чувствувате дека не припаѓате. Вие треба да бидете вистинските вие, во средина која е спремна да ги прифати вашите креативни идеи кои понатаму ќе водат кон напредок. Вие сте таму да ѝ помогнете на организацијата да расте и да се развива, а не да бидете згушени од неподнослив притисок и да завршувате сечија работа наместо вашата.

Не дозволувајте вашиот глас да исчезне. Бидете храбри и побарајте го тоа што го заслужувате. Вие вредите! Ако ни вие не верувате во тоа, никој друг нема да можете да убедите.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар