Најлесниот рецепт за панетоне, колач без кој не може да се замисли Божиќ во Италија

Најлесниот рецепт за панетоне, колач без кој не може да се замисли Божиќ во Италија

Божиќната празнична трпеза во Италија не може да се замисли без панетоне. Станува збор за колач со суво овошје и јаткасти плодови кое традиционално се подготвува за Божиќ и Нова Година. Во продолжение прочитајте го најлесниот рецепт за панетоне.

Најлесниот рецепт за панетоне без кој не може да се замисли Божиќ во Италија

Состојки за овошниот фил:

  • 300 грама мешано суво овошје (сливи, суво грозје, кајсии или брусница)
  • 100 грама кандирана кора од лимон или портокал
  • 6 лажици рум (или омилениот овошен сок)

Состојки за тестото:

  • 6 големи јајца
  • 480 грама брашно
  • 250 грама путер
  • 180 мл млеко
  • 50 грама шеќер
  • 30 грама бадеми
  • 1 лажица сув квасец

Подготовка:

1. Вечерта пред подготовката, сувото овошје и кандираниот цитрус се сечкаат на помали парчиња, се ставаат во сад и се прелеваат со алкохолниот или безалкохолниот пијалак по желба. Добро промешајте, покријте го садот со крпа и оставете го да отстои на собна температура преку ноќта.

2. За тестото: Загрејте 150 мл млеко и оставете го да достигне млака температура. Додадете ги шеќерот и сувиот квасец, добро измешајте и оставете ја смесата околу 5 минути за квасецот да се активира.

3. Во миксер ставете го брашното и подготвениот квасец и мешајте сè додека не се соединат состојките.

4. Додадете пет јајца и продолжете да мешате сè додека не добиете еднолично, лепливо тесто.

5. Малку по малку додавајте 250 грама омекнат, но ладен путер исечкан на помали коцки. Мешајте сè додека не добиете мазна и сјајна смеса.

6. Префрлете ја смесата во подмачкана тава, покријте ја со фолија и ставете ја во фрижидер да отстои преку ноќта. Бавното нараснување на
тестото ќе придонесе за полесна и повоздушеста структура на колачот.

7. Ден 2: На набрашнета површина расукајте го тестото во облик на правоаголник. Исцедете го овошниот фил и половина од смесата ставете ја врз тестото. Преклопете го тестото и повторно развлечете го во правоаголник. Повторете ја постапката со остатокот од овошјето.

8. Намачкајте го високиот кружен калап за печење, обложете го со хартија и ставете го тестото во него. Врз тестото ставете бадеми, покријте го со крпа и оставете го тестото да нарасне околу 2 до 3 часа на топло место.

9. Тестото премачкајте го со мешавина од останатото млеко (околу 30 мл) и едно јајце.

10. Ставете го колачот да се пече во претходно загреана рерна на 180 степени целзиусови околу 20 минути. Потоа намалете ја температурата на 150 степени целзиусови и печете уште 40 минути.

11. Пред послужување, осигурете се дека колачот е целосно изладен. Добар апетит!

Доколку ви се допадна нашиот рецепт за панетоне, ви предлагаме да го прочитате и рецептот за штолен – германски божиќен колач по кој полуде цел свет.

Извор: punkufer.dnevnik.hr


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар