Како најлесно да излупите варено јајце?

Најлесниот начин да излупите варено јајце

Нели мразите кога лушпата тешко се одвојува од јајцето? Се случува толку тешко да оди лупењето, што поголем дел од јајцето ќе заврши во отпадот со лушпите отколку она што останало излупено. За среќа, постојат неколку методи кои овозможуваат лесно отстранување на лушпата од јајцето, а најважниот и најдобриот од нив има врска со температурата.

1-najlesniot-nachin-da-izlupite-vareno-jajce-kafepauza.mk

Имено, јајцата треба да ги извадите од фрижидер и веднаш да ги ставите во веќе зовриена вода. Потоа намалете ја малку температурата за да вријат со умерена јачина и варете ги така 6 минути за ровки, односно 11 за тврдо варени. Ако ги сервирате ладни, пред да ги излупите, ставете ги во вода со мраз и оставете ги така 15 минути да се оладат. Уште подобро, ако не мора да ги сервирате истиот ден, ставете ги така во фрижидер преку ноќ. Потоа лупете ги под чешма.

Овој метод дава подобри резултати од методот на ставање на јајцата во ладна вода која потоа зовира, готвењето во експрес лонец, методот на пробудување на лушпата пред варење, како и од методот кој се базира на избирање постари јајца кои полесно се лупат од младите.

2-najlesniot-nachin-da-izlupite-vareno-jajce-kafepauza.mk

Други методи за полесно отстранување на лушпата од јајцата се:
  • Сечење на јајцето на половина и вадење на деловите со лажица за супа.
  • Ставање на повеќе јајца во затворен пластичен сад до половина наполнет со вода и енергично тресење, после што лушпата практично самата паѓа.
  • Варење во експрес лонец, при што прво треба да се постигне целосниот притисок, па потоа да варите 3 минути за да добиете ровки, 5 за средно варени и 6 за тврдо варени јајца. За овој метод не е важно јајцата да бидат постари.
  • Издувување на јајцето низ лушпата: ги варите нормално, ги префрлате да постојат во ладна вода, потоа прваите мали отвори на двата краја и дувате. [видео]

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар