Најхрабриот моден тренд за 2019-та година: Дречливо зелена боја
Неонска зелена, флуоресцентна зелена, или едноставно дречливо зелената боја е новиот моден тренд што ќе го гледаме оваа година.
Не се знае кој точно е првиот кој се осмелил да ја носи оваа атрактивна и впечатлива боја, но јасно е дека модните блогерки и познатите личности ја обожаваат. Всушност, луѓето од целиот свет објавуваат модни комбинации со бојата која поголемиот дел од нас ја избегнуваа по секоја цена.
Иако можеби е тешко да ја комбинирате, без сомнение изгледа навистина интересно. Па, дали би се осмелиле да ја носите можеби најпопуларната боја за оваа година?
Погледнете и кои се останатите најпопуларни бои за 2019-та година.