Најголемите стилски грешки што несвесно ги правиме

Најголемите стилски грешки што несвесно ги правиме

Дури и најдобрите помеѓу нас понекогаш знаат да направат некоја стилска грешка. Да, и најголемите стилски ѕвезди понекогаш носеле премали или преголеми обувки или пак, носеле сосема погрешна облека со некоја модна комбинација. Понекогаш грешките кои и самите ги правиме најдобро ги забележуваме на другите, па затоа денес ги издвојуваме 7-те најчести и начините на кои истите можете да ги поправите.

0-ova-se-najgolemite-stilski-greshki-koi-gi-pravite-bez-da-bidete-svesni-za-toa-www.kafepauza.mk_

1. Не ја прекројувате облеката според вашите димензии

Ако забележите дека некое парче облека не ви одговара како што треба, тотално се исплаќа да го прекроите по сопствена желба. Дури и со најмала промена, сепак може да се прилагоди на вас и вашите желби. Ова правило посебно важи за панталоните, бидејќи нема ништо полошо од куси ногавици или преширок струк.

1-ova-se-najgolemite-stilski-greshki-koi-gi-pravite-bez-da-bidete-svesni-za-toa-www.kafepauza.mk_

2. Претерувате со модните додатоци

Можеби мислите дека најлесниот начин да ја „освежите“ модната комбинација е натрупувањето модни додатоци, но ова всушност може да го расипе целиот ваш изглед. Немојте да дозволите вашиот стил да се изгуби во многуте елементи.

3-ova-se-najgolemite-stilski-greshki-koi-gi-pravite-bez-da-bidete-svesni-za-toa-www.kafepauza.mk_

3. Се облекувате за погрешна сезона

Лесно е да го игнорирате фактот дека службено сѐ уште не започнала пролетта, но подгответе се за тоа дека ќе изгледате смешно во бунда среде март.

4-ova-se-najgolemite-stilski-greshki-koi-gi-pravite-bez-da-bidete-svesni-za-toa-www.kafepauza.mk_

4. Избирате премногу широка облека

Широките парчиња облека и тоа како се популарни и стилски кога ги носите добро, но тенка е границата помеѓу неуредното и модерното. Морате добро да ги урамнотежите пропорциите на широките парчиња облека за на крајот да изгледате елегантно и уредно.

5-ova-se-najgolemite-stilski-greshki-koi-gi-pravite-bez-da-bidete-svesni-za-toa-www.kafepauza.mk_

5. Носите трендови кои не ви одговараат

Немојте да мислите дека треба да го имате секое тренди парче во вашиот гардеробер. Ако бушавите мокасини изгледаат одлично на Ријана, но ако не одговараат на вашиот личен стил, нелогично е да давате пари за нив.

6-ova-se-najgolemite-stilski-greshki-koi-gi-pravite-bez-da-bidete-svesni-za-toa

6. Избирате погрешен градник за модната комбинација

Долната облека како модна комбинација е и тоа како во тренд, но погрешниот градник во комбинација со проѕирна кошула и може да го уништи вашиот целосен изглед.

7-ova-se-najgolemite-stilski-greshki-koi-gi-pravite-bez-da-bidete-svesni-za-toa-www.kafepauza.mk_

7. Постојано одново купувате исти парчиња облека

Колку точно ѝ се потребни на една девојка блузи од омилениот бенд? Особено од оние кои после две перења можете да ги фрлите во ѓубре. Подобро инвестирајте во класични, квалитетни парчиња облека на кои постојано ќе им се враќате.

8-ova-se-najgolemite-stilski-greshki-koi-gi-pravite-bez-da-bidete-svesni-za-toa-www.kafepauza.mk_


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар