Најголемите митови поврзани со сексот

Најголемите митови поврзани со сексот

Во денешно време многу е лесно да се дојде до информациите што нè интересираат, но тешко е да се одреди кои од тие информации се вистинити, а кои не. Сигурно сте налетале на многу статии посветени на сексот или, пак, сте разговарале со вашите пријатели на оваа тема и сте се запрашале дали има некоја вистина во сè тоа што го читате и слушате. Ние ви ги разоткриваме најпознатите митови поврзани со сексот кои можеби конечно ќе ви го дадат одговорот на прашањата што ги имате…

Најголемите митови поврзани со сексот

Сексот го намалува крвниот притисок

Неточно: Всушност го покачува, но само на кратко. Малку се тие случаи кога некој доживеал срцев удар за време на сексот. И покрај тоа што крвниот притисок навистина се покачува, не може да се покачи до тој степен.

Сексот го намалува стресот

Точно: Во едно истражување од областа на биолошка психологија, од испитаниците било побарано да водат дневник во кој ќе ги бележат нивните сексуални активности и потоа да го измерат крвниот притисок по стресни настани како што е говорење во јавност. Тие што имале редовен секс, покажале подобри резултати од тие што немале.

Алкохолот ја зголемува сексуалната желба кај жените

Точно: Многу мала количина алкохол може да предизвика привремено лачење на машкиот хормон тестостерон кај жените, што доведува до зголемено либидо.

Викендите се најдоброто време за секс

Неточно: Според едно истражување спроведено од страна на економскиот факултет во Лондон, најдобриот ден за да се има секс е четврток. Причината за тоа е што во текот на целата недела се таложел хормонот за стрес кортизол, кој ги стимулира хормоните заслужни за зголемувањето на сексуалната желба, со тоа што нивната активност е на највисоко ниво токму во четврток.

Само мажите фантазираат

Неточно: 80% од жените имале сексуални фантазии за други луѓе покрај нивниот партнер, додека пак, истово се однесува за 98% од мажите.

Сексот ја зголемува интелигенцијата

Точно: Според едно истражување на Универзитетот во Мериленд, сексот го зголемува нивото на неврони во хипокампусот, дел од мозокот заслужен за формирање долгорочна меморија.

Сексот согорува повеќе калории од трчањето

Неточно: Истражувањата спроведени на универзитетот во Квебек, Канада дошле до следниве резултати:

  • 1 минута на лента за трчање согорува 9,2 калории кај мажи
  • 1 минута секс согорува 4,2 калории кај мажи
  • 1 минута на лента за трчање согорува 7,2 калории кај жени
  • 1 минута секс согорува 3,1 калории кај жени

Што вели статистиката?

  • 1 од 4 двојки со над 50 години немаат воопшто секс.
  • Паровите во нивните 20-ти и 30-ти години во просек имаат 8 до 9 пати секс месечно.
  • Паровите кои се заедно повеќе од 2 години имаат секс 6 пати месечно.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар