Најголемите лаги во врска со сексот
Постојат многу невистини поврзани со сексот во кои луѓето и ден-денес веруваат. Како тие воопшто имаат настанато? Најчесто се работи за резултат на незнаење, но често и предрасуди се во прашање. Во продолжение прочитајте ги најголемите 20 лаги во врска со сексот.
1. За да се рече дека еден сексуален однос бил добар, двајцата партнери мора да достигнат врв. Апсолутно не. Сексот може да биде подеднакво забавен и без да се постигне оргазам.
2. Сексуалниот однос е комплетен само кога мажот и жената истовремено ќе постигнат оргазам.
3. Симултаниот оргазам носи многу повеќе задоволство од оној кој се доживува посебно.
4. Жената не мора да ги задоволи своите потреби како што мора мажот. Неточно. Недостатокот на секс подеднакво влијае на двата пола.
5. Доколку жената не ужива во сексот, за тоа е крив партнерот. Може да биде, но не зависи сѐ од него, зависи и од самата жена, нејзината сексуална зрелост и самодоверба.
6. Неколку часа пиење алкохол ја зголемува сексуалната желба, па мажот и жената можат подобро да си поминат на сексуален план. Всушност, единственото нешто што го прави алкохолот е извесно ослободување, па со самото тоа може да се чувствуваме поопуштено. Секако, пиењето алкохол нема врска со самата сексуална желба.
7. Сексуалниот живот на жената завршува со менопаузата. Секако дена не!
8. Само мажите мастурбираат.
9. Сексуалната желба и потенцијал опаѓаат во почетокот на четириесеттите или педесеттите години од животот.
10. Мастурбацијата е знак на незадоволство од сексуалниот живот со партнерот. Истражувањето на сопственото тело нема никаква врска со задоволството во врската.
11. Доколку на жената ѝ се отстранат јајниците и матката, таа ја губи сексуалната жена. За среќа, желбата за секс не престанува со вадењето на репродуктивните органи.
12. Отсуството на химен укажува на тоа дека жената е невина. Кај некои жени хименот е многу еластичен, па може да остане дури и по многу сексуални односи.
13. Мастурбирањето го намалува сексуалниот потенцијал.
14. Импотенцијата е природна појава кај старите мажи и не може да се лекува.
15. Мажот е секогаш спремен за сексуални односи. Не е коректно да се имаат вакви очекувања од мажите. Како и кај жените, и кај нив сексуалната желба зависи од чувствата и моменталната психичка состојба.
16. Доколку мажот не се возбуди во текот на предиграта, тогаш има физички проблем, односно импотентен е. Скоро не постои маж кој некогаш не успеал да се возбуди, но тоа не мора да има врска со импотенција.
17. Оргазмот и ејакулацијата се едно исто нешто.
18. Во хомосексуалните врски, еден од партнерите има улога на жена, а другиот на маж. Ова е еден од најчестите предрасуди за хомосексуалците.
19. Хомосексуалците се опседнати со секс во поголема мера отколку хетеросексуалците. Желбата за секс, нема никаква врска со сексуалната ориентација.
20. Честата мастурбација води до хомосексуалност. Нема никакви негативни последици од мастурбирањето, а таа особено не може да влијае на сексуалната ориентација.
Прочитајте ги и овие бизарни митови поврзани со сексот во кои верувале луѓето низ историјата.