Најголемите грешки кои сите ги правиме кога станува збор за очилата за сонце

Најголемите грешки кои сите ги правиме кога станува збор за очилата за сонце

Во летниот период, очилата за сонце се неизбежен моден додаток, а освен тоа што сакаме добро да ни ги заштитат очите, сакаме и да изгледаат убаво. Но, честопати забораваме дека треба добро да се грижиме за нив доколку не сакаме да се оштетат. Одбегнувајте ги следниве 3 грешки кои сите ги правиме со очилата за сонце и тие подолго време ќе ви изгледаат како нови…

Најголемите грешки кои сите ги правиме кога станува збор за очилата за сонце

Ги ставате очилата за сонце на глава

Доколку делот од очилата кој стои на носот е направен од жица, косата може да ви се заплетка во него и лесно ќе ја искубете кога ќе пробувате да ги извадите, а може и тој дел од очилата да се скрши или превитка. Исто така, очилата можат да ви се рашират и да ви бидат прелабави кога ќе ги ставите на очи. Освен тоа, кога ќе ја наведнете главата, тие можат да паднат и така да се оштетат. Сигурни сме дека сите овие работи веќе сте ги знаеле, но веројатно немате воопшто обрнато внимание на нив.

Не ги прилагодувате очилата за сонце на вашето лице

Секое лице е асиметрично, без разлика дали се гледа тоа или не. Кај многу луѓе исто така постои мала разлика во висината на ушите: Едното уво може да биде малку пониско поставено од другото уво. Поради тоа, освен ако не сте купиле очила за сонце кој никој друг освен вас не ги допирал, големи се шансите дека очилата ги пробувале и други луѓе пред вас, поради што ви стојат малку накосо. Веројатно не сте знаеле, но многу продавници за оптика бесплатно нудат услуга за прилагодување на очилата според вашето лице, така што секако дека би требало да ја искористите таа можност.

Очилата за сонце ги чувате во чанта незаштитени

Очилата за сонце никогаш немојте да ги ставате во чанта без да ги заштитите, односно да ги ставите во футрола. Многу е важно тоа да го направите, бидејќи токму во чантата можат најмногу да се оштетат. Виновници за тоа се клучевите и другите остри предмети кои ги гребат очилата. Најмалку што можете да направите е да ги замотате очилата за сонце во крпче за чистење микрофибер (кое исто така го добивате со очилата) пред да ги ставите во чанта.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар