Најголеми грешки при нанесувањето сенка за очи

Најголеми грешки при нанесувањето сенка за очи

Очите кои се убаво и правилно нашминкани изгледаат прекрасно. Но, ако сенката за очи се користи неправилно, целата шминка може да изгледа непривлечно и неуредно. За да ги избегнете овие незгоди, не правете ги овие пет најголеми грешки кои ги прават жените при нанесување на сенката за очи.

najgolemi-greshki-pri-nanesuvanjeto-senka-za-ochi-kafepauza.mk

1. Не ставате подлога

Ако нанесувате сенка за очи на капаците на кои претходно не сте нанеле подлога, постои голема можност вашата шминка да изгледа лошо и неуредно бидејќи секоја брчка на капакот ќе биде нагласена. Исто така има опасност дека вашата шминка ќе се размачка. Пред нанесувањето на сенката најдобро би било да нанесете подлога за шминка, која можете да ја најдете по поволни цени. За помош во последен момент, послужете се со течна пудра или коректор. Со помош на подлогата вашата шминка нема да се размачка и ќе трае подолго.

2. Не ги комбинирате добро боите

Многу жени нанесуваат две или три нијанси на бои, но не ги комбинираат правилно. Комбинирањето на боите, односно соединувањето на светлите и темните нијанси, е техника која мора да ја научите. За полесно совладување на ова техника може да ви послужи некој туторијал на Јутјуб. Убавите и правилно исеначани очи секогаш изгледаат атрактивно, без разлика дали станува збор за „лесна“, дневна шминка или пак за „тешка“, вечерна шминка.

3. Ставате премногу сенка

За поголем дел од декоративната козметика, во која спаѓа и сенката за очи, важи едно исто правило – малку е повеќе! Многу полесно е да додадете уште малку сенка отколку да ја избришете ако сте ја нанеле премногу. Затоа нанесете малку па додавајте повеќе додека не го добиете посакуваниот изглед. Но никогаш не претерувајте!

4. Купувате евтини сенки за очи

Ова не значи дека евтините сенки се лоши и неквалитетни, сепак постои исклучок. Но за да бидете сигурни дека сенката ќе изгледа убаво и ќе трае подолго, издвојте малку повеќе пари и одберете некоја од среден ценовен ранг.

5. Секогаш ги користите истите бои

Ако сте ја пронашле совршената палета на сенки, која ви одговара најдобро и која постојано ја користите и не сакате да побарате друга и да експериментирате, тогаш може да западнете во рутина. Одвреме-навреме би требало да испробате некои нови нијанси кои ќе го освежат вашиот изглед.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

  1. Ејми Reply

    Кaкo гoд, кoгaј и дa стaвaм сенкa сaмa изгледaм кaкo дa ме тепaл некoј. Дoбрo стaвaм сaмo зa нa мaскембaл инaче не преферирaм 😄

Остави коментар