Најголемата тајна поврзана со сексот која никој не сака да ја признае
Кога еден човек би признал дека го прави ова, најголемиот процент од луѓето ќе потврдат дека и тие го практикуваат истото, но до тогаш сите мудро си молчат од проста причина што се срамат. Кога станува збор за методи на контрацепција, многу луѓе користат презервативи и апчиња против бременост. Но, има и многу кои се потпираат само на „методот на извлекување“. Да, зборуваме за тоа кога мажот го вади пенисот пред ејакулација.
Според најновите истражувања овој метод е многу почест кај паровите отколку што мислите. Имено, според податоците добиени со помош на женската апликација за плодност Glow, дури 18 проценти од жените признале дека овој метод им е примарниот облик на контрацепција. Со други зборови, тој го зазема третото место по популарност веднаш по презервативите кои ги користат 32% од испитаниците и апчињата кои ги земаат 27%.
Низ годините, методот на извлекување многупати го има привлечено вниманието на јавноста. Некои веруваат дека не делува и е опасен бидејќи бара голема самоконтрола од страна на мажот. Но, има и такви кои ќе речат дека „не е толку лош“.
Истражувањето, спроведено од страна на њујоршкиот институт Гутмахер, покажало дека овој метод е еднакво делотворен како и користењето презервативи. Но, и понатаму кружат приказни за жени кои забремениле на овој начин.
Без разлика колку е делотворен, статистиките со кои располага апликацијата Glow покажуваат дека е еден од омилените помеѓу хетеросексуалните парови. Имајќи го тоа предвид, потребно е луѓето повеќе да се информираат за овој метод за да го користат најефикасно и на најсигурен можен начин.
Според податоците од истата апликација, 60% од паровите барем еднаш го искористиле методот на извлекување, а 4,8% од жените го користат како главна форма на заштита од несакана бременост. 88% корисници на овој метод се во сериозна врска, свршени или во брак, па според тоа можеме да заклучиме дека тој е најпопуларен помеѓу паровите кои развиле меѓусебна доверба. Покрај тоа, 39% го користат бидејќи им е најпријатен, додека, пак, 32% од корисниците нагласуваат дека ова им е најлесниот облик на контрацепција.
Интересно е тоа што многу жени се срамат да им признаат да пријателките дека го користат овој метод, бидејќи тоа им делува како нешто што би го правеле тинејџерите. Но, кога некој сам би признал дека со партнерот го користи методот на извлекување, сите воодушевено би признале дека го практикуваат истото.
Според истражувачите од институтот во Њујорк, овој метод иако не нуди целосна заштита од бременост, а посебно е ризичен кога се работи за полово преносливи болести, доколку се изведе на правилен начин, може да биде речиси исто толку ефикасен како и презервативите. Тие исто така нагласуваат дека со беспрекорната употреба на презерватив постојат 2% шанса за несакана бременост, додека кај методот на извлекување станува збор за 4%.
Кај вообичаената употреба на презервативи, забележана е неефикасност во 17% од случаите, а кај методот на извлекување кај 18% од нив.