Најголемата грешка што жените ја прават кога се чувствуваат запоставено во врската или бракот

Најголемата грешка што жените ја прават кога се чувствуваат запоставено во врската или бракот

Се чувствувате запоставено и осамено? Мислите дека не сте му важни на партнерот во иста мера како на почетокот на врската или бракот? Ви недостига неговото внимание? Не избрзувајте со заклучоци. Намаленото внимание не мора да биде знак дека вашиот партнер се изладил за вас, дека има друга или планира да ве остави.

Најголемата грешка што жените ја прават кога се чувствуваат запоставено во врската или бракот

Најголемата грешка која жените ја прават во таква ситуација е обвинувањето. Не правете го тоа пред да дознаете со што се носи вашиот партнер. Можеби е во прашање стрес од работата, некоја болест, проблеми со родителите или со некои други членови од фамилијата или пак со некој близок пријател.

Експертите истакнуваат дека доколку го обвините за одредено однесување, не му давате шанса да ја каже својата страна на приказната. Од истата причина, тој нема ни да сака да ви се довери. Дури, ако го обвините дека започнал нешто со друга без да имате докази за тоа, тоа само би можело уште повеќе емотивно да го оддалечи од вас.

Бидете сочувствителни, дајте му прилика да се изјасни, сослушајте што има да каже и дозволете да ви објасни на што се должи намаленото внимание. Дури потоа можете да процените како треба да реагирате.

Многу личности во врските забораваат дека не смеат да се потпираат само на партнерот за да се чувствуваат посебно, привлечно и успешно. Затоа, бидете си сами на себе на прво место, научете како да си угодувате, посветете се на вашето ментално здравје, за потоа да можете полесно да се носите со сите евентуални предизвици во врската или бракот.

Прочитајте и зошто спиењето во различни кревети може да направи чуда за вашиот брак.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар