Најголемата грешка при подготовката на пилешко: Ако го правите ова, месото ќе биде преполно со бактерии
Дали сте и вие меѓу поголемиот број домаќин(к)и кои го одмрзнуваат пилешкото месо оставајќи го на работната маса во кујната?
Ако е така, имаме лоша вест за вас – во никој случај не правете го тоа.
Кога месото стои на собна температура подолго време, формирањето на бактерии е неизбежно, и тие понатаму се пренесуваат и на вашите раце, кујнските крпи, садовите и може да предизвикаат опасни заболувања.
Уште еден лош начин на одмрзнување пилешко е тоа да го правите во микробранова печка, бидејќи покрај тоа што високата температура го спречува развојот на бактерии, таа ја уништува и текстурата на месото. Ова се случува поради тоа што месото не се одмрзнува рамномерно, па тоа на крајот ќе влијае на вкусот.
Најдоброто нешто што може да направите е да го ставите месото во обичниот фрижидер ноќта пред да го подготвите. Но, постои и побрз метод – ставете го пилешкото во пластична кеса, цврсто врзете ја, а потоа ставете ја во сад со ладна вода. Важно е водата да не доаѓа во директен контакт со месото, и во никој случај да не користите врела или топла вода, туку само ладна.
Можеби не сте знаеле, но ако немате време, дури не треба ниту да го одмрзнувате пилешкото. Зачинете го и ставете го во рерна или варете го како и обично и сè ќе биде исто како кога месото се одмрзнува, само што термичката обработка ќе трае двапати подолго.
Овој метод на подготовка не се препорачува само кога станува збор за пржење, бидејќи месото ќе испушта вода и водата ќе прска на сите страни, а заради влагата месото нема да може да фати ниту коричка. Најдобро е да го користите овој метод кога подготвувате јадења што подолго време се готват, како гулашот.
Можеби сакате да прочитате и за 6-те видови храна што не се подгреваат откако еднаш ќе бидат подготвени.