Најевтини и најефикасни начини засекогаш да се ослободите од мравките
Борбата со мравките вообичаено започнува напролет, но налето справувањето со овие досадни штетници станува вистински предизвик. Голем дел од овие нешта сигурно ги имате дома без да знаете дека тие можат да стават крај на сите ваши проблеми.
1. Селотејп
Многу е лесно да ја спречите армијата мравки со мала помош од селотејпот. Пронајдете го местото од каде што доаѓаат и местото на каде што одат и поставете селотејп на тие места. Сигурно ќе ги спречите.
2. Борна киселина
Се продава во облик на прашок. Во 2 дл вода измешајте 3 лажици борна киселина и 3 лажици шеќер. Земете парче вата и потопете ја во ваквата течност, а потоа поминете на местата каде што се собираат мравките. Шеќерот ќе ги привлече, а борната киселина ќе ги уништи.
3. Брашно
Мравките не можат да го поднесат белото пченично брашно, така што тоа е одличен начин да се ослободите од нив. Посипете брашно по рабовите од просторијата во која доаѓаат. Уште едно брашно што ќе ги уништи е пченкарното. Овој вид брашно мравките го јадат, но не можат да го сварат, па затоа тоа ќе ги убие.
4. Саксија за цвеќиња
Ако во дворот начекавте мравки, еден од најефикасните начини да се ослободите од нив е со помош на обична саксија. Поклопете го ровот со саксија свртена наопаку и низ малиот отвор налијте два литри врела вода. Ова е најефикасниот начин за да го уништите нивниот дом.
5. Цитруси
За да ги уништите мравките воопшто не ви се потребни опасни инсектициди. Доволно ви е само да употребите лимон или портокал, чиј мирис мравките не можат да го поднесат. За да ги избркате мравките испрскајте ги рабовите од прозорците и прагот од станот или куќата со лимонов сок. Уште еден начин да ги убиете е со пире од кора од портокал и една шолја топла вода, кое полека треба да ги истурите во мравјата колонија.
6. Бибер
Мравките се во потрага по шеќер, а вие изненадете ги со бибер. Турете бибер на местата каде што се собираат и на местата каде што одат. Вака ќе им испратите порака дека нема шеќер во близина.
7. Зачини
Освен шеќерот, мравките го сакаат и мелениот пипер. Па така, уште еден ефикасен начин засекогаш да се ослободите од овие штетници е да поставите ловоров лист во садот во кој го чувате пиперот. Сличен трик може да се изведе и со шеќерот, но треба да бидете внимателни затоа што тој може да го впие мирисот на ловорот. Во внатрешноста на кујнските ормани ставете мали вреќички со жалфија, ловор или цимет – мравките не можат да го поднесат нивниот мирис.