Најефикасната природна помош: Што да направите кога ве болат зглобовите?
Заборавете на апчињата кои имаат повеќе негативни ефекти врз вашето тело одошто позитивни и погледнете ги следниве 5 природни начини на кои можете брзо и лесно да се изборите со болката во зглобовите…
1. Масло од камилица
Чудесната камилица решава голем број проблеми, но може да послужи и како добро решение за справување со болката во зглобовите. Таа во себе содржи разни хемиски материјали кои делуваат против воспаленијата и ја намалуваат болката. Токму затоа со масажа на зглобовите вие брзо можете да се справите со овој проблем.
2. Куркума
Индискиот шафран сигурно е веќе дел од зачините кои ги користите во вашата кујна, па токму затоа и нема да ви биде потребно многу време да го пронајдете. Со оглед на тоа што тој ја намалува болката и вкочанетоста на зглобовите, вие би можеле да го префрлите и во вашата фиока со лекови. Едноставно пронајдете неколку рецепти со него и направете ручек кој ќе ви помогне при борбата со артритисот.
3. Ѓумбир
Без разлика дали сте го исекле, изрендале или пак, го консумирате во форма на пијалак, ѓумбирот ќе им овозможи олеснување на вашите зглобови. Обидете се да направите чај од ѓумбир доколку при рака немате рецепт за јадење во кое би можеле да го искористите. Тој не само што ќе ви помогне со артритисот, туку и ќе ви ги олесни проблемите со мачнината, лошиот здив, алергиите и надуеноста.
4. Вишни
Вишните со помош на своите ензими ја намалуваат болката. Нивната боја настанува од антиоксидансите кои се познати по своите лековити својства, па токму затоа и доволни ви се само 10 до 20 вишни на ден или пиење природен сок од вишни со цел да се справите со болките од артритисот.
5. Вино
Ако имате проблеми со колената, во виното се крие вашето решение. Луѓето кои пијат помеѓу 4 и 6 чаши црвено вино неделно имаат и до 45% помалку шанси да развијат проблеми со колената. Тајната лековитост во виното не се наоѓа во самиот алкохол, туку во грозјето. Сепак, не претерувајте со негово пиење – една чаша дневно ви е сосема доволна за да ги почувствувате неговите ефекти.