Најефикасната јога поза за уништување на целулитот

Најефикасната јога поза за уништување на целулитот

Дали сте незадоволни од изгледот на вашите бутови и задник? И покрај тоа што внимавате на исхраната и редовно вежбате, сѐ уште имате целулит. За среќа, постои одличен, евтин и здрав начин како повторно да добиете цврста и затегната кожа. Ве заинтересиравме? Станува збор за една ефикасна јога поза.

Најефикасната јога поза за уништување на целулитот

Освен што е корисна за опуштање, јогата помага и во борбата против целулитот. Истражувањата од Универзитетот во Харвард докажале дека вежбањето јога е најефикасен начин на подобрување на протокот на лимфата, за елиминација на токсините и спречување на задржувањето течности во телото.

Јогата ја зголемува флексибилноста, кожата станува поеластична и посјајна, мускулите се дефинираат и зголемуваат, а сето тоа се одразува на општата состојба на телото што навистина станува помладо и повитално. Освен тоа, јогата ја подобрува целата мускулатура на телото и го зајакнува имунолошкиот систем.

Доколку заедно со јогата, го промените и начинот на исхрана што значи дека ќе треба да се откажете од шеќерот и сите преработени производи и да се храните на природен начин со свежо овошје и зеленчук, јаткасти плодови, свежи немасни млечни производи, без премногу зачини, резултатите ќе ви бидат гарантирани.

Поради детоксикацијата на телото и подобреното здравје, убавината на физичкото тело ќе стане огледало на вашата внатрешна убавина и мир, а токму внатрешното задоволство е она што ѝ дава посебен сјај и убавина на жената.

Постојат неколку јога пози што се добри за оваа цел, но ова е најефикасната. Треба секојдневно да ја практикувате оваа поза (можете да ја комбинирате и со други јога пози) околу 20 минути за да забележите видни резултати. Ако не можете да го правите ова секој ден, вежбајте барем 20 минути три пати неделно.

Комбинирајте ја оваа јога вежба со трчање и физички вежби како што се клекнувања и исчекорувања. Ако имате време, вметнете и кратки масажи на критичните зони на суво (со сува четка) или со помош на омиленото масло и крема. Вежбата треба да ја правите што е можно посмирено, побавно и поконтролирано. Резултатите ќе бидат видливи по само еден месец.

Како изгледа оваа јога поза?

Најефикасната јога поза за уништување на целулитот

  • Направете тесен расчекор.
  • Ставете ги рацете на колковите, свиткајте ја десната нога во колено и подигнете ја нагоре.
  • Со лесни движења, туркајте ја петата кон таванот.
  • Кога ќе завршите со подигнувањето на петата нагоре, со десната рака фатете го десниот зглоб на ногата.
  • Повлечете ја ногата што е можно погоре, а истовремено кревајте го и горниот дел од телото и левата рака во вис.
  • Останете во таа положба 20 секунди и притоа обидете се да дишете правилно.
  • Длабокото ритмичко дишење при изведување на оваа поза ја поттикнува хормоналната рамнотежа и на тој начин го снабдува телото со поголема количина на кислород, кој е неопходен дел од борбата против маснотиите.
  • Вратете се во почетната положба и повторете ја вежбата и со другата нога.

Па, што чекате? Започнете го денот со оваа ефикасна јога поза и гледајте како целулитот полека исчезнува!

Доколку сакате да почнете со вежбање, погледнете ги и овие 7 ефективни јога пози за прекрасни гради.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар