Наједноставниот рецепт за фондан за сите оние што уживаат во декорирање торти и колачи
За сите креативни девојки и момци, што уживаат во изработката на колачи и торти со фондан, овој рецепт од само 3 состојки ќе биде совршен!
Потребни состојки:
- 450 грама маршмелоу колачиња
- 1 килограм шеќер
- 4 лажици вода
Начин на подготовка:
Ставете ги колачињата во сад за печење и додајте 2 лажици вода. Потоа ставете го садот во микробранова печка и грејте околу 30-тина секунди. Измешајте ја смесата, па вратете ја во микробрановата уште 30-тина секунди.
Откако колачињата целосно ќе се стопат, ставете 500 грама шеќер и добро измешајте го. Потоа додајте ги останатите 2 лажици вода, заедно со другите 500 грама шеќер и мешајте додека не добиете хомогена смеса.
Намачкајте ги рацете и работната површина со путер или маргарин и потоа рачно замесете ја смесата, исто како да месите тесто, и за кратко вашиот фондан ќе биде готов.
Дополнителни совети:
- Наместо во мигробранова печка, колачињата можат да се стопат и на пареа.
- Ако сакате да ѝ дадете арома на смесата, слободно ставете едно мало лажиче екстракт од ванила откако ќе се стопат колачињата
- Доколку сакате да ја обоите вашата фондан смеса, поделете ја на повеќе делови во различни садови и додајте боја за храна по ваша желба
- Смесата може да се меша со раце, но и со миксер, ако го имате додатокот за тесто
Погледнете ги и следниве идеи што ќе ве инспирираат како да ја направите вашата следна торта!
Пробајте ја и оваа лимонова торта која ќе ја помните долго време.