Најдобрите вежби за подобрување на расположението се многу поедноставни отколку што сте мислеле

Најдобрите вежби за подобрување на расположението се многу поедноставни отколку што сте мислеле

Лошото расположение може да ви го расипе целиот ден. Во овие денови веројатно планирате долго вежбање со надеж дека ендорфините ќе ви го подобрат расположението. Но според едно ново истражување, најдобрите вежби за оваа цел не мора да бидат толку тешки и комплексни.

Најдобрите вежби за подобрување на расположението се многу поедноставни отколку што сте мислеле

Според истражувањето, буквално секој вид вежбање, дури и нешто како миење садови, може да ви го подобри расположението. Биле испитувани податоци од 2011, 2013 и 2015 година од Центарот за контрола и превенција на опасно однесување. Воглавно, податоците им овозможиле пристап на истражувачите до навиките за вежбање на над 1 милион возрасни испитаници. Со тоа, ова е едно од најголемите истражувања од овој вид.

Истражувачите откриле дека во просек луѓето имаат 3,5 денови со лошо ментално здравје во месецот. Но кога во ова ќе го вметнете вежбањето, дури и наједноставниот вид, бројот на денови се намалува за 43%, односно 1,5 денови месечно. Покрај тоа луѓето кои вежбале 30 до 60 минути, 3 до 5 денови во неделата имале најмногу придобивки.

Нема потреба да поминете цел час во теретана за да го подобрите расположението. Ако не сте обожавател на долгото вежбање, ова се одлични резултати. Луѓето кои вежбале 23 пати месечно, или над 90 минути во една сесија имале полошо ментално здравје од оние кои вежбале поретко.

„Не мора секој да излезе и да истрча маратон, а всушност трчањето е и најмалку ефективно. Вежбите како јога, пешачење, дури и чистење имаат подобар резултат отколку да не правите ништо“, изјавил главниот научник Адам Чекрауд.

Редовното вежбање влијае и психолошки и физички. На физичко ниво, вежбањето го поттикнува производството на протеин кој го подобрува расположението. Од психичка гледна точка, вежбањето додава некоја структура во вашиот живот – веројатно ве изморува, спиете подобро, па е добар пристап за многу нешта.

Лесно можете да ги почувствувате придобивките од вежбањето без да го менувате целиот животен стил или да мислите на натрупаниот распоред. Можете да започнете со 10-минутно вежбање дома и да забележите како ќе се подобрува вашето расположение. Можете да експериментирате со јога или со што било друго. Важно е да знаете дека вежбањето не е лек за менталните нарушувања.

„Вежбањето е важна алатка за подобрување на менталното здравје, но не е единствената. Ги охрабрувам сите да го побараат мислењето на доктор и да размислуваат за нешта како лекови, советување и психотерапија.“

Постојат многу фактори кои влијаат на нашето расположение и ментално здравје, па важно е секогаш да го правите најдоброто за вас.

Доколку немате време за цела рутина, пробајте ги овие едноставни начини на вежбање.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар