Најдобрите совети за пишување од Стивен Кинг

Најдобрите совети за пишување од Стивен Кинг

Кралот на хоророт има продадено над 350 милиони книги, има објавено над 50 новели и има напишано над 200 кратки приказни. Без сомнение, тој е еден од најпознатите писатели во историјата на литературата. За среќа на идните писатели, Стивен Кинг сака да споделува совети за пишување.

Најдобрите совети за пишување од Стивен Кинг

1. Првата реченица е сè

„Има едно нешто за коешто сум сигурен. Првата реченица треба да го покани читателот да започне со приказната. Треба да вели: Слушај. Дојди овде. Сакаш да знаеш за ова.“

2. Не преоптоварувајте се со граматиката

„Целта на фикцијата не е граматичката точност, туку да направите читателот да се чувствува добредојдено и потоа да му раскажете приказна.“

3. Отстранете сè што ви го одвлекува вниманието

„Не треба да има телефон во вашата соба за пишување, дефинитивно не треба да има телевизор или видео игри со кои можете да се забавувате.“

4. Слушајте ги критиките

„Покажете го вашето дело на неколку луѓе, да речеме на десетмина. Внимателно слушајте што ви кажуваат. Насмевнувајте се и кимајте со главата. Потоа разгледајте внимателно што ви кажале. Ако сите критичари ви го кажуваат истото за некој дел од приказната – пресврт што не функционира, лик што не е добар, лоша нарација или други проблеми, променете го тоа. Не е важно дали навистина ви се допаѓал тој пресврт или тој лик. Ако многу луѓе ви велат дека нешто е погрешно, погрешно е. Ако седуммина или осуммина укажуваат на истото нешто, предлагам да го промените. Но ако сите критикуваат нешто различно, тогаш не ги слушајте.“

5. Нема потреба од премногу детали

„Воглавно не сакам да пишувам нешто што многу ги опишува физичките карактеристики на луѓето во приказната и што носат… Па поштедете ме од интелигентните сини очи на ликот и неговата изразена брада.“

6. Читањето е клучно за пишувањето

„Ако немате време да читате, тогаш немате ни време ни алатки да пишувате.“

7. Поправањето е исто толку важно колку и пишувањето

„Ако не сте преправале многу на вашиот текст, тогаш сте биле мрзеливи. Само Бог ги прави нештата исправно од прв пат.“

8. Пишувањето треба да ви донесе радост

„Го правам ова за радоста од пишувањето. Ако можете да го правите од радост, можете да го правите засекогаш.“

9. Како да се справите со факти?

„Никогаш не можете да ја изместите реалноста во корист на фикцијата. Потребно е да ја измените фикцијата во корист на реалноста.“

10. Преминете на главното

„Ако сакате да пишувате за пари, преминете на главното. Ако го отстраните целиот вишок отпад и откриете дека не можете да ја најдете поентата, искинете го напишаното и почнете одново… или обидете се со нешто ново.“

11. Вашиот уредник не знае сè

„Не треба секогаш да го употребувате советот на уредникот. Понекогаш начинот на којшто го гледате вие е начинот на кој треба да биде. Сметав дека секој писател бил попаметен од мене. Излезе дека тоа не е вистина.“

12. Не треба да чекате

„Аматерите седат и чекаат инспирација, ние останатите стануваме и работиме.“

13. Не грижете се за мислењето на другите

„Ако сакате да пишувате што е можно поискрено, вашите денови како член на учтиво општество се избројани.“

14. Прескокнете ја употребата на „неверојатно“

„Зборот неверојатно е премногу употребуван. На неверојатно му е потребен одмор. Па ве молам немојте да пишувате за вашата неверојатна забава, за неверојатниот фустан на вашата девојка или за вашиот неверојатен одмор. Нешто поспецифично ве молам.“

15. Избегнувајте да користите пасивни реченици

„Плашливите писатели сакаат пасивни глаголи поради истата причина поради која плашливите љубовници сакаат пасивни партнери. Пасивните реченици се безбедни.“

Пробајте ги и триковите кои ќе ви помогнат да напишете книга која вреди да се прочита.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар