Најдобрите природни начини на кои можете да ја отстраните шминката

Најдобрите природни начини на кои можете да ја отстраните шминката

Наместо да давате многу пари на препарати кои се полни со хемикалии штетни за вашата кожа, погледнете ги овие едноставни рецепти кои можете да ги направите од работи кои сигурно веќе ги имате во вашиот дом. Не само што ќе заштедите некој денар, туку и ќе ја отстраните шминката безбедно и природно.

1. Масло од јојоба

(1) Најдобрите природни начини на кои можете да ја отстраните шминката

Ова масло е еден вид течен восок подготвен од семките на ова растение. Токму затоа оние кои имаат мрсна кожа можат да ѝ веруваат на јојобата дека таа ќе ја исчисти шминката од нивното лице без притоа да ги затвори нивните пори. Додајте му на маслото малку витамин Е кој е антиоксиданс. Нанесете една лажичка масло од јојоба на вашето лице и со прстите нежно масирајте со кружни движења. Обрнете повеќе внимание околу очите. Откако ќе завршите избришете го маслото со памук или мека крпа и измијте го вашето лице со вода.

2. Маслиново масло

(2) Најдобрите природни начини на кои можете да ја отстраните шминката

Подгответе отстранувач на шминка со комбинација од маслиново масло и масло од чајно дрво. Додајте и неколку капки бадемово масло на мешавината. Тие ќе ја потхранат вашата кожа и ќе ги излечат темните кругови под вашите очи. Турете мало количество од комбинацијата на вашите раце и потоа нанесете го на вашето лице со нежна масажа. Откако ќе завршите избришете го лицето со памук. Повторете доколку е потребно.

3. Кокосово масло

(3) Најдобрите природни начини на кои можете да ја отстраните шминката

Кокосовото масло се користи на ист начин како и маслиново масло. Едноставно нанесете го на вашето лице и масирајте сè додека шминката не се отпушти, а потоа избришете го со памук. Шминката ќе падне лесно, па токму затоа и ќе имате свеж изглед.

4. Млеко и бадемово масло

(4) Најдобрите природни начини на кои можете да ја отстраните шминката

Млекото може да го врати сјајот на вашето лице по долгото носење шминка која изобилува со хемикалии. Тоа исто така и ја хидрира кожата. Додајте неколку капки бадемово масло на една лажица млеко. Масирајте го вашето лице со оваа мешавина, а потоа избришете го целосно со памук.

5. Краставица

(5) Најдобрите природни начини на кои можете да ја отстраните шминката

Краставицата може природно да ја навлажни вашата кожа, додека истовремено ги намалува воспалените и иритираните делови. Здробете ја краставицата со многу малку вода и како маска нанесете ја на вашето лице. Оставете многу кратко да делува и потоа измијте ја. Доколку забележувате дека не ја отстранува шминката лесно, додајте малку млеко.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар