Најдобрите подароци за вашата сакана според 12 девојки
6. Велосипед
„Имам спомнато дека сакам велосипед безброј пати. Дури имам и фотографија од оној што го сакам. Бидејќи е скап, важно е да ви споменам дека роденденот ми е на крајот на декември, па добивам еден голем подарок за роденден и за Божиќ.“ – Емили, 23
7. Колан (за да престане да го позајмува вашиот)
„Сакам нешто што навистина ми е потребно, а во овој случај тоа е убав кожен колан. Постојано го позајмувам неговиот.“ – Изабел, 21
8. Филмови кои ќе ги гледате заедно
„Моето момче сака акциони филмови, но навистина се изненадив кога дознав дека ја сакал и серијата „Дадилката“ (The Nanny) кога бил мал. Ми се допадна кога ми ја купи целата серија и кога ја гледавме заедно.“ – Елиса, 29
9. Хеланки
„Само што почнав со вежбање и немам многу спортска облека. Па овој подарок навистина ќе ми помогне да се чувствувам самоуверено.“ – Роуз, 24
10. Членство во јога студио за двајцата
„Ова е нешто што сигурно би го користела, а ако одиме заедно уште подобро. Еднаш го однесов момчето на јога и не беше воопшто лош. Вежбањето е одличен начин да се замени калоричната вечера. Бидејќи веќе сме стари, потребна ни е причина да излегуваме почесто.“ – Мариса, 26
11. ББ крем
„Ова е како пудра и крем во едно, и покрај тоа има заштитен фактор 35. Прв пат го купив пред 2 години и сè уште го имам истото шишенце. Ретко го користам бидејќи не можам да си дозволам повеќе, па навистина би ми се допаднал овој подарок.“ – Кити, 24
12. Рачен часовник
„Според мене подароците од партнерот треба да бидат нешто убаво или нешто што не би си го купила сама. Одлична идеја за подарок е нешто што ќе го користам долго време, како на пример рачен часовник или убава чанта. Овој подарок кажува дека тој гледа иднина со мене и сака да инвестира во нашата врска. Не ми е важно колку чинел подарокот, туку важно ми е времето кое го поминал за да одлучи што да ми купи.“ – Кејти, 27
Погледнете ги и овие совршени подароци за љубителите на кафе.