Најдобрите подароци за вашата сакана според 12 девојки
Без разлика колку долго сте во врска, одбирањето совршен подарок може да биде навистина тешко. Ако вашата врска е нова, сигурно не сакате да потрошите многу пари за скап накит или чанта, најмногу поради тоа што сè уште не го знаете вкусот на вашата девојка. Но ако сте заедно долго време, може да ви биде навистина тешко да најдете подарок кој е подобар од претходните. Одбирањето подароци е предизвик за секого.
Никогаш не постои совршен избор, најмногу затоа што рачно изработените или уникатните подароци значат многу повеќе од нешто купено во продавница. Но, можеме да ви помогнеме. Во продолжение погледнете ги 12-те совршени подароци за вашата девојка според мислењето на неколку дами.
1. Едноставно ланче
„Навистина сакам накит, па нешто мало, едноставно и златно што ќе можам да го носам секој ден и што ќе ме потсетува на него е одличен избор.“ – Алексија, 24
2. Интересна картичка и букет цвеќе
„Немојте да ма сфатите погрешно, материјалните нешта се одлични, но подарокот што најмногу ќе ми значи од момчето се букет цвеќе и картичка со сентиментална порака. Моето момче не е најчувствително, па навистина ми значи кога ќе ги стави неговите мисли на хартија. Заедно сме 2 години, а пред неколку месеци почнавме врска на далечина. Пред да замине ми напиша прекрасна порака која многу ја сакам. Ја читам секој ден.“ – Келси, 25
3. Маска за лице
„Ова се продукти кои ги имам користено, па знам дека ќе ми се допаднат. Веројатно нема да го испратам момчето слепо да бара во светот на козметиката бидејќи јас знам што сакам, а тој не е запознаен со тие нешта. Но, овие маски се нешто што не го купувам често, па би биле одличен подарок.“ – Хејли, 25
4. Книга
„Научните книги се патот до моето срце. Моментално сакам копија од „Автостоперски водич низ галаксијата“ (A Hitchhiker’s Guide to the Galaxy) бидејќи ја немам прочитано со години. Мислам дека книгата е одличен подарок ако врската е нова. Покажува дека се грижите и дека сте размислувале за подарокот без да вложите многу.“ – Џулија, 19
5. Грд божиќен џемпер
„Навистина се занесувам во сезоната на празници, а моето момче се шегува за тоа. Па овој подарок би бил одличен начин да ми каже дека нештото што го нервира е всушност и нештото поради коешто ме сака.“ – Никол, 20
Продолжува на следната страница…