Најдобрите начини за комбинирање мини здолништа
5. Еден од моментално најголемите трендови се свилените блузи со тенки прерамки кои одлично се вклопуваат во дневните, а уште подобро во вечерните модни комбинации. Можете да ги комбинирате со мини здолништа и сандали со ниска, но поширока штикла. Ќе добиете модна комбинација која е добра за дневните, но и вечерните прилики.
6. Секогаш пристоен, но и воедно доста сексапилен спој е кога мини здолништето ќе се најде во иста комбинација со тенка ролка. Ова дефинитивно е една од комбинациите кои задолжително треба да ги испробате во текот на некоја летна ноќ.
7. За дневните варијанти, мини здолништето во комбинација со блуза без ракави и занимливи мокасини е изборот кој ќе ве воодушеви иако на прв поглед изгледа сосема едноставно.
Доколку не сте големи љубители на здолништата и фустаните, тогаш погледнете што друго можете да носите во текот на летото.