Најдобрите начини со чија помош можете порано да започнете со летото

Најдобрите начини со чија помош можете порано да започнете со летото

Никој не сака да биде личноста која носи апостолки кога температурите едвај достигнуваат 20-тина степени, но кој би можел да осудува девојка која е возбудена за почетокот на најдобрата сезона во годината? Подгответе се уште веднаш за сончевите денови кои следуваат со помош на следниве практични начини…

Најдобрите начини со чија помош можете порано да започнете со летото

1.Превртете го шкафот и едноставно закопајте ги сите мисли за ладното. Збогувајте се засекогаш со дебелите чизми (ќе глумиме дека „засекогаш“ е до октомври!).

2.Пронајдете ги вашите омилени летни фустани. Но, не заборавајте и на кожната јакна за ненадејните опаѓања на температурата.

3.Воскреснете ги белите фармерки. Зарем има подобар начин на кој можете да го повикате летото во вашиот живот?

4. Купете си нов пар бикини. Или барем еден пар сандали на кои ќе можете да им се радувате.

5.Започнете уште сега со читањето книги за плажа. Почнете од онаа книга која со години ви зафаќа прашина на полиците.

6. Оживејте ги градината и надворешниот простор. Изметете, исчистете и додајте нови растенија во очекување на долгата и топла сезона.

7. Почнете повторно да купувате продукти од пазарот. Заборавете на маркетите кои во текот на целата година ги имаат сите видови овошја и зеленчуци (што не се толку природни).

8.Отворете ги прозорците и дозволете му на воздухот да го исполни вашиот дом. Вдишете длабоко.

9. Сменете ги закуските. Од сега, насочете се најмногу на јадење овошје додека гледате филмови и ТВ серии.

10. Префрлете се на ледените пијалаци. Леденото кафе конечно се врати во шема!

11. Не заборавајте на студеното розе вино. Посакајте му добредојде на вашиот стар пријател.

12.Официјално спакувајте го вашиот фен за коса. И почнете со уметноста на фарбање на косата.

13.Исфрлете ја целосната шминка. Доволна ви е само маскара и кармин за да бидете во чекор со модата.

14. Наместо во теретана, вежбајте на отворено. Секојдневно опуштајте се на сончевите зраци.

15.Резервирајте одмор, дури и ако станува збор само за викенд. Искористете го топлото време во целост!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар