Најдобрите фустани на „Оскарите“ на сите времиња
16. Фара Фосет во слип-фустан изработен од златни синџирчиња, 1978
Супер секси фустанот од синџирчиња на Фара Фосет е типично олицетворение на крајот на диско шик модата на 1970-тите – лежерен, светкав, вистински накит на нејзиното голо тело.
17. Винона Рајдер во фустан од црна тантела, 1997
Винона Рајдер го канализира духот на 90-тите: женствена, инспирирана од минатото, малку темна со гранџ имиџ, во овој фустан од црна тантела инспириран од 20-тите години на минатиот век со должина до подот.
18. Мадона во долг бел светкав фустан, 1991
Мадона го постигна својот гламур на значаен начин со овој изглед од глава до пети инспириран од Мерлин Монро. Светкавиот бел фустан и соодветното крзно од лисица се дефинитивно врв над врвот, но само тоа и би го очекувале од „материјалната девојка“!
19. Шарлиз Терон во светкав фустан од Гучи, комплетиран со подолг заден дел, 2004
Годината кога Шарлиз Терон го освои Оскарот за нејзината улога во „Чудовиште“ (Monster), го носеше овој златен припиен Гучи-фустан, толку секси, а истовремено толку елегантен.
20. Хилари Свонк во морнарско-син фустан со гол грб, од Гај Ларош, 2005
Хилари Свонк освои Оскар за најдобра актерка за нејзината изведба во Девојка од милион долари (Million Dollar Baby) на Оскарите во 2005-та, но нејзиниот шик фустан без грб од парискиот дизајнер Гај Ларош беше толку далеку од боксерскиот ринг, далеку до кај што допира погледот.
Го гледавте овогодишното доделување на Оскарите? Со чиј изглед би ја надополниле оваа листа?
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
Бидејќи го обожавам минималистичкиот стил, чистите линии , елеганцијатa и Elie Saab оваа година мој фаворит e Мила Јовович, изгледаше прекрасно. : )
Definitivno Angelina Jolie I nejzinite preload ni cevli na Salvatore Ferragamo
Gwyneth Paltrow bese ednostavno nezamenliva….
Годинава имаше неколку фустани кои беа прекрасни само имам по некоја забелешка скоро за сите:), сепак ќе ги издвојам на: Jessica Chastain, Glenn Close, Cameron Diaz, Gvinet Paltrou…
Леле, од кај ги ископавте?! Три пати морав да проверам дали добро сум го прочитала насловот.. Половината од овие заслужуваат малина.