Најдобрите фустани на „Оскарите“ на сите времиња
11. Мила Кунис во деликатен фустан од тантела во боја на лаванда од Ели Сааб, 2011
На минатогодишните Оскари, Мила Кунис се реши за смело проѕирен, а сепак елегантен изглед кој го пронајде во овој фустан со боја на лаванда инспириран од долната облека. Оваа креација е дело на високата мода на Ели Сааб.
12. Ен Хатавеј во бел фустан од Армани, 2009
Нема многу жени кои можат да се истакнат во едноставен бел фустан без прерамки (на кој било ден освен на нивната венчавка, се разбира), меѓутоа препуштете ѝ на Ен Хатавеј да го изведе тоа. Нека ова ви биде лекција, дами: малку сјај и сè ќе успее.
13. Елизабет Тејлор во виолетов фустан на Едит Хед, 1970
Виолетовиот фустан од шифон на Едит Хед што го носеше Елизабет Тејлор на Оскарите во 1970-та беше хит. Бојата беше прекрасна и совршено ѝ одговараше на очит, меѓутоа, нејзиниот накит го украде речиси целото внимание. 69,42-каратниот крушковиден дијамант (познат како дијамантот Тејлор–Бартон) што Елизабет го доби како подарок од нејзиниот сопруг Ричард Бартон, за кого претходните сопственици сметаа дека е премногу нападен да се носи во јавност. Но препуштете ѝ го тоа на Тејлор, драма-кралицата на сите драма-кралици, која нема проблема да парадира со скапоцениот накит на најмасовниот настан на Холивуд.
14. Црниот фустан на Пенелопе Круз, 2001
Ни се допаѓа кога една жена може да извлече тотално романтичен изглед без да изгледа како да е излезена од бајките. Лелеавата коса на Круз и погледот на долниот дел од грбот се доволни да го направат овој фустан во шпански стил доволно модерен за најголемата ноќ во годината.
15. Џенифер Лопез во прекрасен балски фустан на Армани, 2010
Она што овој фустан го прави посебен е неговиот изменет изглед на традиционалниот подолг дел одзад, кој во случајов не се влече, туку е прицврстен за колкот. Тоа ја прави Џенифер Лопез да изгледа тотално модерно во овој фустан без прерамки од Армани, додека светкавиот материјал ѝ дава сосема доволно сјај.
Бидејќи го обожавам минималистичкиот стил, чистите линии , елеганцијатa и Elie Saab оваа година мој фаворит e Мила Јовович, изгледаше прекрасно. : )
Definitivno Angelina Jolie I nejzinite preload ni cevli na Salvatore Ferragamo
Gwyneth Paltrow bese ednostavno nezamenliva….
Годинава имаше неколку фустани кои беа прекрасни само имам по некоја забелешка скоро за сите:), сепак ќе ги издвојам на: Jessica Chastain, Glenn Close, Cameron Diaz, Gvinet Paltrou…
Леле, од кај ги ископавте?! Три пати морав да проверам дали добро сум го прочитала насловот.. Половината од овие заслужуваат малина.