Најдобрите фустани на „Оскарите“ на сите времиња
6. Кетрин Зета Џонс во црвен фустан од Версаче, 1999
Секоја жена што добро ја познава модата знае дека ако сакаш да бидеш забележана, носи црвено. Ова стилско правило сигурно Кетрин го имала предвид, кога го одбрала овој црвен фустан без прерамки од Версаче, за своето прво појавување на Оскарите. Резултатот? – Холивудската ѕвезда е родена.
7. Мариса Томеи во бел фустан од Версаче, 2009
Еве доказ дека може да се избегне застрашувачката „пренатрупаност“ додека се соочувате со опасноста дека на себе носите повеќе набори од една спортска навивачка екипа. Мариса Томеи пристигна на доделувањето на Оскарите во фустан на едно рамо инспириран од техниката оригами, со заден подолг дел што се влече, кој прекрасно и налегнуваше на силуетата и сепак успеа да изгледа елегантно и ненападно.
8. Одри Хепберн во црно-бел фустан, 1988
Иако Одри е најпозната по малиот црн фустан и кралскиот фустан што го носеше ноќта кога го доби Оскарот за „Празник во Рим“ (Roman Holiday) во 1954 година, жената секогаш имаше стил. Во овој случај тоа е супер женствената креација со црно-бели точки и ленти што Одри ја носеше на Оскарите во 1988-та. Креацијата потсетува на нејзиниот незаборавен црно-бел изглед во „Мојата убава дама“ (My Fair Lady) и докажува дека можете да ја зашеметите толпата на која било возраст, особено ако сте Одри Хепберн, нели?
9. Рис Витерспун во црно-бел фустан на Армани, 2011
Рис Витерспун е вистинка американска кралица на црвениот тепих и овој црно-бел фустан на Армани совршено ја покажува нејзината силуета. Плус, ни се допаѓа и нејзиното коњско опавче со старински шмек, инспирирано од Барби. Многу е шик!
10. Црниот фустан на Дру Баримур, 1998
Дру си поиграла со едноставен грациозен црн фустан со вистински цвет и лице врамено со бледо-русата коса. Не само што изгледа неодоливо како и секогаш, но темните усни, тенките веѓи и рамните шишки совршено ги отсликуваат 90-тите. Сигурни сме дека овој изглед има инспирирано многу жени пред да премине во аут.
Бидејќи го обожавам минималистичкиот стил, чистите линии , елеганцијатa и Elie Saab оваа година мој фаворит e Мила Јовович, изгледаше прекрасно. : )
Definitivno Angelina Jolie I nejzinite preload ni cevli na Salvatore Ferragamo
Gwyneth Paltrow bese ednostavno nezamenliva….
Годинава имаше неколку фустани кои беа прекрасни само имам по некоја забелешка скоро за сите:), сепак ќе ги издвојам на: Jessica Chastain, Glenn Close, Cameron Diaz, Gvinet Paltrou…
Леле, од кај ги ископавте?! Три пати морав да проверам дали добро сум го прочитала насловот.. Половината од овие заслужуваат малина.