Најдобрите фустани на „Оскарите“ на сите времиња
Автор: Ивана Грујоска
Од илјадници фустани носени на доделувањето на наградите на американската академија за филмска уметност и наука – светски популарните Оскари, не е лесно да се одвојат неколку кои се „врв на врвот“. Неколку дена пред официјалниот почеток на 84-тото издание на Оскарите, магазинот „Гламур“ излезе со своја листа на величествени оскаровски креации носени низ текот на годините. Некои ќе ги познаете, со некои првпат ќе се сретнете, некои ќе ве воодушеват, некои можеби ќе ве остават рамнодушни. Еве ја листата од 20 најдобри оскаровски фустани на сите времиња:
1. Гвинет Палтроу во златна креација на Келвин Клајн, 2011
Златен како и самата статуетка, макси фустанот на Гвинет Палтроу од колекцијата „Плашт“ (sheath) на Келвин Клајн е креација со лесен, минималистички, а сепак формален изглед за вечерен фустан кој одлично ја надополнува витката силуета на Гвинет и нејзината златно-руса коса.
2. Црно-белиот фустан од Валентино на Џулија Робертс, 2000
Не може ни да се изговори зборот Оскар без да се помисли на црно-белиот фустан од Валентино што го носеше Џулија Робертс кога го прими Оскарот за најдобра главна женска улога, толкувајќи ја Ерин Брокович, во 2000-та година. Нејзиниот високогламурозен изглед нè потсетува дека понекогаш едноставноста е најдобар избор.
3. Грејс Кели во син фустан на Едит Хед, 1955
Можеби не ви е позната Едит Хед, модниот гуру на стариот Холивуд, која со своите осум победи во категоријата Оскар за костимографија, освои повеќе награди на Академијата, од која било жена во историјата на Оскарите, но дефинитивно сте ја виделе нејзината работа. Помислете на „Прозорец во дворот“ (Rear Window), „Сабрина“ (Sabrina) и „Да се фати крадец“, (To Catch a Thief) и на овој ледено син фустан како за принцеза што го носеше Грејс Кели кога го доби нејзиниот Оскар за најдобра главна женска улога во филмот „Девојка од село“ (Country Girl). Овој едноставен фустан, кој чинел 4.000 долари за да се направи, наводно го прави најскапиот фустан во историјата на Оскарите, до 1955-та.
4. Хали Бери во црвен фустан на Ели Сааб, 2002
До времето кога Хали Бери ја напиша историјата на наградите од Академијата во 2002 година, примајќи го Оскарот за главна женска улога како прва жена со Афро-американско потекло, таа веќе ги освои срцата на сите на црвениот тепих неколку часа претходно. Појавувајќи се во креација на Ели Сааб во боја на вино, комплетирана со стратешки поставени цветни апликации, Бери му соопшти на светот што го следеше преносот дека таа е тука да го преземе шоуто.
5. Марион Котиијар во фустан на Готје во боја на слонова коска, 2008
Фустанот со мотиви на школка во боја на слонова коска што Марион го носеше кога го прими Оскарот за најдобра главна женска улога во 2008-та, ги подели модните љубители на два табора: оние кои паднаа во несвест и оние кои ги збрчкаа носевите. Нам ни се допаѓа овој сладок изглед, особено начинот на кој го нагласува женското тело со мало намигнување. А покрај тоа, секоја жена којашто може успешно да го износи изгледот на сирена, сигурно ја заслужува титулата за најдобро облечена.
Бидејќи го обожавам минималистичкиот стил, чистите линии , елеганцијатa и Elie Saab оваа година мој фаворит e Мила Јовович, изгледаше прекрасно. : )
Definitivno Angelina Jolie I nejzinite preload ni cevli na Salvatore Ferragamo
Gwyneth Paltrow bese ednostavno nezamenliva….
Годинава имаше неколку фустани кои беа прекрасни само имам по некоја забелешка скоро за сите:), сепак ќе ги издвојам на: Jessica Chastain, Glenn Close, Cameron Diaz, Gvinet Paltrou…
Леле, од кај ги ископавте?! Три пати морав да проверам дали добро сум го прочитала насловот.. Половината од овие заслужуваат малина.